Непосредно пред донесувањето на контроверзниот Закон за попис, предводникот на „статистичката операција“ Апостол Симовски, во интервју на Телевизија 24 ја убедуваше јавноста дека овој закон не е спорен.
Еден од главните аргументи кои ги користеше директорот на Државниот завод за статистика беше убедувањето за прецизноста на статистиката воопшто како наука. Тогаш Симовски изјави:
„Статистиката е прецизна работа, ако немате информација за сите, немате за никого!“
Денес, откако официјално е потврдено непопишување на над 130 000 граѓани, бројни пропусти, неправилности и нелогичности кои ја докажуваат непрецизноста на статистичката операција, Симовски констатираше успешна реализација на пописот.
Оваа „легендарна“ изјава на Симовски го потврдува фактот дека и науката може сама себе да си противречи.