Законот кој СДСМ го критикуваше, денес го злоупотребува против просветните работници

Просветните работници кои се охрабрија и организираа за да ги остварат своите права, се соочуваат со притисоци и закани доколку изразат револт поради малите плати кои не се усогласени со закон.

Во 2015 година од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беа донесени измени во Законот за основно и средно образование, преку кој се создаде опцијата „заменски наставник“. Со оваа алатка беше овозможена лесна замена на било кој наставник, во случај да не се потчинувана на директивите добиени од надредените или да се обиде да оствари некое право кое го смета за нарушено.

Овој закон, тогаш наиде на жестока критика кај тогаш опозициската СДСМ. На прес-конференцијата во која бараа заштита на работничките права од партијата излегоа со став дека ваквиот закон е неприфатлив и дека истиот Власта го користи за закани и притисок врз просветните работници.

„Најнапред беа донесени законски измени во Законот за основно и средно образование со кои директно се гуши уставното гарантирано право на штрајк, преку воведување на т.н. заменски наставници, со кои власта се обиде да изврши директен притисок врз вработените во образованието како и врз нивните синдикални претставници.“

Денес, неколку години подоцна, откако СДСМ е во позиција на власт, тие не само што не извршија корекции во лошата законска регулатива воспоставена од ВМРО-ДПМНЕ, туку истата продолжуваат да ја злоупотребуваат.

Имено, откако денес започна најавениот штрајк на просветните работници, Во својата реакција, Министерството укажува дека наставата ќе се одвива нормално, како и секој ден, па се поставува прашањето кои професори и негувателки во градинките ќе бидат задолжени за децата кога ќе бидат на штрајк.

Ваквата опција единствено е можна само доколку Министерството обезбедило заменски професори и негувателки согласно законските измени кои тогаш ги изгласаа од ВМРО-ДПМНЕ.