АктуелноИнтернационално

Апасиев од Собрание со поддршка за Асанж

Пратеникот од редовите на Левица Димитар Апасиев, на денешната Седница во Собранието се појави во маичка со ликот на Џулијан Асанж и изрази поддршка против неговата екстрадиција во САД.

Асанж, е познат за светската јавност некаде од 2010 година. Тогаш новинарот објави низа тајни американски документи, кои обелоденуваа бројни воени злосторства вршени од армијата на САД за време на воените дејствија во државите од Среден исток, односно во Ирак.

Заради ова основачот на Викиликс, Џулијан Асанж повеќе од 10 години се соочува со американски прогон. Новинарот беше засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 до 2019 година, се до повлекувањето на неговиот азил. Тогаш Еквадор одлучи да го преде на британската полиција.

На 10 декември 2021 година британскиот суд пресуди дека треба да биде екстрадиран во САД, иако главниот сведок Тордарсон признал дека сведочи лажно во случајот против Асанж. Ваквата одлука на судот беше обжалена.

Врховниот суд на Обединетото Кралство во март оваа година ја отфрли жалбата на Џулијан Асанж за одлуката за негова екстрадиција во САД, заради што соосновачот на Викиликс се соочува со обвиненија за шпионажа.

Во овој момент тој е во затворот Белмарш во Лондон, додека се чека негова екстрадиција, каде империјалистичкиот суд на САД ќе му суди, затоа што ги објави воените злосторства на нивната армија.

Ова не е прв ваков потег на пратеникот Апасиев во Собрание на Република Македонија. Претходно тој беше единствениот пратеник кој се солидаризираше со Палестина, тогаш дојде со марама „палестинка“ оддавајќи поддршка на палестинскиот народ поради бомбардирањето на Појасот Газа од страна на Израел.

Од Политичката партија Левица сметаат дека единственото злодело на Асанж е откривањето на империјалистичките злодела на САД и НАТО!