Империјалистичкиот суд на САД ќе му суди на Асанж, затоа што ги објави воените злосторства на нивната армија

Иако во јануари британската судијка Ванеса Барајтсер од Судот во Лондон пресуди дека Џулијан Асанж не треба да биде екстрадиран во САД под обвинение за шпиунажа и хакирање на владини компјутери и во меѓувреме, главниот сведок Тордарсон призна дека сведочи лажно во случајот против Асанж, – Денес, Високиот суд на Лондон ја прифати жалбата на САД и ја дозволи екстрадицијата на Џулијан Асанж.

Оваа одлука доаѓа по жалбата на САД, поднесена за пресудата од 4 јануари, со која беше одбиена екстрадицијата на основачот на Викиликс поради стравувањата дека неговиот живот не може да биде безбеден во затворите на САД!

Врз основа на 18 обвиненија поврзани со објавите на Викиликс од 2010 година, кога стотици илјади тајни документи го обелоденија вклучувањето на Вашингтон во нелегални воени акции, како убиства на цивили, тортура и други злоупотреби, особено во Авганистан и Ирак, САД се обидува да го екстрадираат Асанж!

Фактот дека нашиот „стратешки партнер“ не се залага да ги откриe воените злосторства правени во овие држави од сопствената армија, туку се трудат да го сместат зад решетки оној кој ги обелодени овие случувања, се само доказ за агресивната империјалистичка политика која ја води САД, за сметка на невини човечки животи, немајки апсолутно никакви карактеристики на демократија.

Со ова екстрадирање, на основачот на Викиликс, му се заканува затворска казна од 175 години. Неговите адвокати тврдат дека обидите за екстрадиција на Асанж се очигледен пример за нарушување на слободата на говор!