Крмов: Пратениците на ДУИ и СДСМ гласаа против унапредување на работничките права

На денешната Седница на Собранието на Република Македонија на дневен ред пред пратениците се најде предлог-законот поднесен од Левица, согласно кој се унапредуваат работничките права.

Пратениците од Левица предлагаа намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. Со што на овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време и дополнително се обезбедува материјална сигурност за работниците.

Со вториот предлог од Левица се предвидуваше и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците.

Пратениците од владејачкото мнозинство, односно СДСМ и ДУИ гласаа против овие законски измени, а согласно тоа и против унапредувањето на работничките права.

СДС (во пакет со ДУИ), наводните наследници на КПМ и партизанското движење СИТЕ ГЛАСАА ПРОТИВ предлог-законот на Левица, работниците да земаат плата до 5-ти во месецот и да престанат манипулациите со договорите на определено време. Да биде забележано. – Напиша пратеникот Крмов на својот Фејсбук профил.

Потсетуваме, претходно пратениците од владејачкото мнозинство гласаа против предлог-законот за апанажа на работниците и зголемени субвенции за студентски оброк.