Апасиев единствениот пратеник во собранието кој се солидализираше со Палестина

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, денес во знак на поддршка и солидарност со палестинскиот народ, на говорницата во Собрание излезе со препознaтливата марама „палестинка“.

„Во бомбардирањето на Газа од страна на Израел, деновиве животот го загубија стотици цивили меѓу кои и 40 деца! Кога зборуваме за 40 загинати деца лесно е на бројката да гледаме како на уште само една трагична статистика, но тоа се човечки животи, со своја приказна и не може да се сведат на бројка. Ова се нивните имиња:

Јазин ал Масри, 2 години
Амир ал Танани, 7 години
Ибраим ал Масри, 11 години
Адам ал Танани, 4 години
Јахја Калифа, 14 години
Мухамед ал Танани, 3 години
Лина Шафер, 16 години
Исмаил ал Танани, 8 години
Мустафа Обаид, 17 години
Ахмед ал Хаваџри, 14 години
Башар Самур, 17 години
Мухамед абу Дија, 1 година
Ибраим Хасанајн, 16 години
Оур ал Замили, 2 години
Мухамед Сулејман, 16 години
Ибраим ал Рантиси, 1, година
Хусеин Хамад, 11 години
Фавзија абу Фарис, 17 години
Бара ал Гарабали, 6 години
Ислам ал Атар, 8 години
Рахат ал Масри, 10 години
Амбер ал Атар, 6 години
Мавран ал Масри, 7 години
Мухамед ал Атар, 1 година
Хамза Али, 12 години
Абдула Џавда, 13 години
Хала ал Рифи, 14 години
Сухаиб ал Хадиди, 13 години
Заид ал Талибани, 5 години
Абдул Рахман ал Хадиди, 8 години
Амаар ал Амур, 11 години
Усама ал Хадиди, 6 години
Хамада ал Амур, 13 години
Мариам абу Хатаб, 8 години
Калид ал Кану, 17 години
Јаман абу Хатаб, 6 години
Лина Иса, 14 години
Билал абу Хатаб, 9 години
Батена Абид, 6 години
Јусуф абу Хатаб, 11 години”

Објавија од партијата.