Планот А е планот Б за Пендаровски и останати нејасни работи

Коментар на фб.


Денес на Канал 5, првиот и (засега?) единствен претседател на Северна, Стево Пендаровски, изрази желба да сподели со јавноста дека во последните неколку месеци се направени две анкети со граѓаните на Македонија (тој кажа нашите граѓани) од сериозни агенции и истите тие анкети не биле порачани и платени од Владата, ниту од него или пак од водителот Гоце 🤔

Според неговите зборови:

1. На прашањето: Дали сметате дека постои друга организација во Евроазија со која Македонија (тој не кажа Северна но не кажа ниту Македонија) треба да влезе во сојуз како алтернатива за ЕУ, 39% испитаници (речиси сите етнички Македонци / и тоа е најзагрижувачки податок за него) се изјасниле со ДА.

2. На прашањето: Која држава ја сметате за најдобар пријател и сојузник на Македонија (тој кажа Републиката) 23% се изјасниле за Русија, 20% за САД, 9% за Кина, па потоа Турција итн….За втората анкета Пендаровски не се изјасни за процентот на испитаниците во етнички контекст, односно колку од тие 23% кои сметаат дека Русија ни е најдобар пријател се етнички Албанци, а колку од тие 20% кои сметаат дека тоа е САД се етнички Македонци / нека не ми се налутат другите етнички заедници.

За овие анкети, Пендаровски изјави дека не се тајна и се јавно достапни, но не знае каков одек имале во јавноста. Тој денес тоа го “сподели со јавноста” преку национална ТВ во “ударен термин”.. Овие податоци за него се шокантни и за тоа деновиве отворено разговарал со нашите европски и НАТО пријатели и истите биле многу изненадени

Тој смета дека овие бројки во проценти се такви какви што се, затоа што граѓаните 20 години чекале да станеме членка на НАТО, а веќе 16 години сме земја кандидат за ЕУ, без добиен датум за почеток на преговори. Но, и покрај ваквите шокантни сознанија за него од споменатите анкети, за кои нашите европски и НАТО пријатели се многу изненадени, планот “Б” за Македонија (тој не кажа Македонија / кажа “за нас” ) доколку нема датум за преговори со ЕУ, е повторно планот “А”, а тоа е ЕУ 🤐

Која шизофренија од искажани ставови за помалку од 30 минути.. WOW