(Видео) Поради ненавремено завршена работа Општина Аеродром е оштетена за околу 40 000 евра

  • Фејсбук статус на Горан Костовски – Советник од Левица во Општина Аеродром.

Имено општината пред 4 години аплицирала за проект за изработка на ДУП во Долно Лисиче. Проектот подразбирал изработка на ДУП кој требало да се заврши за една година како би се добил грантот од околу 40 000 евра со кој би се платила изработката на ДУП-от.

Општината одбрала проектантска куќа за изработка на ДУП-от и истиот не се завршил во рокот од една година, туку се влечел 4 години. Со тоа општината ги изгубила парите од грантот и сега од сопствениот буџет мора да плати на проектантската куќа за завршената работа која каснела цели 3 години.

Прашувам до кога никој нема да сноси одговорност за вакви пропусти кои ја чинат општината десетици илјади евра пари кои се на жителите на Аеродром?


Наместо да се вложуваат овие пари за капитални инвестиции и подобрување на животот на аеродромци ние плаќаме за нечии грешки, пропусти и несовесно работење.

Оваа пракса на неказнивост мора да заврши!