Извештај за состојбата со глорификацијата на фашизмот и нацизмот во Македонија

Во врска со состојбата со глорификацијата на нацизмот и ширењето на неонацизмот и други практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција, Министертвото за Надворешни работи на Руската Федерација објави сеопфатен извештај за истото, кое содржи национални прегледи на ситуацијата во 43 земји вклучувајќи ја и Македонија.

Овој Извештај е подготвен како продолжение на напорите на Министерството за да привлече внимание на манифестациите на различни форми на глорификација на нацистичките движењa, неонацизам, расизам, расна дискриминација, ксенофобија нетолеранција во странски земји и слично.

Во Извештајот се напоменува дека оваа година состојбата во оваа област е драстично

влошена. Во голем број држави се зголемија кампањите за искривување на историјата

и ја фалсификувањето на улогата на СССР во обезбедувањето на победата над нацизмот и градењето современиот систем на меѓународни односи. Сегашната фаза сведочи за зголемено ниво на историски ревизионизам и одмазда од агресорите кои ја покренаа војната и ја инспирираа идеологијата на расната чистота која цинично се става на местото на држава која им се спротивстави, заради политичка погодност.

Во Извештајот се издвојуваат низа држави кои веќе енергично спроведуваат политика водена и наметната од надворешни сили. Има уште една категорија на земји, чии лидери замижуваат пред ваквите манифестации и во исто време настојуваат да ги ретушираат непријатните сцени од сопственото минато со расистички третман на сопствените колонии и истребување на домородните популации. Во пракса, таквиот став поттикнува постојан пораст на расистички мотивирани инциденти, различни манифестации на ксенофобија и етничка и верска нетолеранција.

  • Гласот на Македонија во ООН против глорификацијата на фашизмот и нацизмот

Во 2021 година, 59 држави, вклучително и Русија, станаа коавтори на резолуцијата „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“, усвоена на 76-та седница на Генералното собрание на ООН на 16 декември 2021 година. 

Резолуцијата беше поддржана од огромно мнозинство од 130 земји. Како и претходните години, само делегациите на САД и Украина гласаа против, при што 49 земји (вклучувајќи ги и земјите-членки на ЕУ) се воздржаа за време на гласањето. Забележан е и моментот дека Македонија иако е полноправна членка на „Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот“ од 2021 година, но Скопје се солидализираше со ЕУ и беше воздржано за време на гласањето на ООН за резолуцијата.

  • Договорите за добрососедство со Грција и Бугарија – основа за историски ревизионизам 

Во Извештајот е спомнато дека со потпишувањето на Договорот на Пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија (2017) и на „Договорот од Преспа“ со Грција (2018), образовната литература што се користи во Македонија е во ризик да биде преработена за да ги исполни желбите на соседите земји. Билатералните историски комисии формирани под притисок од Софија и Атина се користат за бришење на фактите на Бугарите и Грците и колаборационизмот за време на Втората светска војна од учебниците, и пред се да се вметне окупацијата на поголем дел од територијата на денешна Македонија од страна на Бугарија. 

За да ѝ угоди на Софија која го кочи приближувањето на Македонија со Европската Унија, Владата на Зоран Заев (2017-2022) одобри смена на референци за „бугарската фашистичка окупација“ од десетици локални споменици на хероите и жртвите од војната. Во неговите јавни говори господинот Заев неколкупати апелираше оваа формулација да се замени со неутралниот термин „администрација“ што им одговара на Бугарите.

Накратко, рускиот Извештајот констатира дека Македонија, под притисок на Грција и Бугарија, прифаќа историски ревизионизам, кој ги релативизира злоделата на фашистичките окупатори (бугарски, германски или италијански), а ја намалува важноста на партизанското движење, НОБ и анти-фашистичката борба, како и улогата на Советскиот Сојуз во ослободувањето на Европа од фашизмот.

  • Меѓуетнички инциденти и говор на омраза

Во Извештајот се придава значење и на етничките конфликти кои остануваат широко распространет феномен во Македонија. Меѓународните организации за човекови како што е локалната канцеларија на Хелсиншкиот Комитетот и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, постојано укажуваат на овој факт во нивните извештаи, но трендот сè уште постои и покрај измените на Кривичниот законик на Македонија да ги казнува делата од омраза како посебен прекршок. Организациите за човекови права, секој месец регистрираат до неколку десетици инциденти на база на етнички, расни, верски и други форми на говор на омраза. Според Хелсиншкиот комитет, од 104 кривични дела на омраза регистрирани во земјата во 2020 година, мнозинството (76) биле од меѓуетничка природа, претежно млади луѓе. 

Според статистиката на порталот govornaomraza.mk за агрегирање на поплаки за употреба на „говор на омраза“ во сајбер-просторот, има евидентирано 1749 такви случаи од 2013 година, од кои 875 се на база на националност, по основа на боја на кожа, а врз основа на религиозна деноминација. Покрај тоа, непријателство кон претставници на странски држави или меѓународни организации беше забележано 38 пати.

  • Бујар Османи во своите изјави не го осудуваат фашизмот и провоцира инциденти

Однесувањето на Министерот за надворешни работи неколкукратно е забележано во Извештајот. Во него е нотирано дека Бујар Османи ги повикал Општините и Градот Скопје да не се приклучуваат на одбележувањето на празникот 9-ти Мај – „Денот на победата над фашизмот“ во Европа, а забележано е дека на местото на одржување, непосредно пред свечената церемонија организирана од руската амбасада, беше истурано црвена боја и натписи „убијци“.

Руското Министерство детално ги опишува сите случаеви каде се отвара простор за глорификација на фашизмот, од провокативниот натпис „1945 – ослободители, 2022 – убијци„ на 9ти Мај, честите изјави на Министерот за Надворешни работи, Бујар Османи каде тој го употребува терминот „Слава Украина“ до градење на споменици кои величат фашисти и нивното фашистичко влијание и отварање на „културни клубови“ во Македонија, од страна на Република Бугарија кои носат имиња на фашисти.

Македонската дијаспора често се жали до властите на западните земји ѝ бара да го осудат овековеченото сеќавање на фашистичките соработници во Македонија и нивните одбележја  да се  симнат, но наидуваат на молк и индиферентност од ресорното Министерство.

  • Македонците и Албанците различно се однесуваат кон антифашистичкото минато на државата

Исклучително е важно да се забележи дека Извештајот прави јасна дестинкција како се Македонците и Албанците се однесуваат и го почитуваат на антифашистичкото минато. Нотирано е дека  во македонската средина доминира приврзаноста кон антифашистичкате традиции.

Во македонската средина доминира придржување кон антифашистичките традиции, почитување на споменот на паднатите партизани и објективен поглед на нацистичките злосторства. Признаено е дека Антифашистичкото Собрание за национално ослободување на Македонија (АСНОМ), формирано во воените години, ги поставило темелите на современата државност (што е наведено во преамбулата на Уставот на земјата)“.

Додека пак Албанците во Македонија имаат тенденција да го оправдаат сопствениот масовен колаборационизам со италијанскиот и германскиот окупатор како „ситуациона соработка“ во рамките на „народноослободителната борба“ против словенското опкружување за обединување на „прадедовските албански земји“. 

Во Извештајот се забележува дека Албанците, својата соработка со фашистичките сили ја оправдува преку „марионетска држава која го опфаќала најголемиот дел од модерната српска покраина Косово и Метохија, западна Македонија и јужните региони на Црна Гора, создадени од земјите на „Оската“.  Во извештајот се вели дека причина поради која Албанците целосно го оправдува нивното соучесништво со агресорот е тоа што ова всушност го претставува проектот за „Голема Албанија“.

  • Политичката партија Левица со активности против отворањето на фашистички клубови

Во Извештајот се забележани и активностите на Политичката партија Левица. Имено, се наведува дека по отворањето на „Културниот клуб“ именуван по фашистичкиот деец „Ванчо Михајлов“ личност која ужива недвосмислена репутација на соучесник на нацистите и кој го негира постоењето на македонскиот народ и нација, акцентирано е дека Партијата поднела тужба и превземала активности за укинување на овој т.н. Културен клуб.

Овој документ е од голема важност, затоа што укажува на тоа дека ваквите манифестации на расна дискриминација и глорификација на нацизмот и фашизмот, претставуваат директна закана за темелните вредности на вистинската демократија и човечките права и сериозен предизвик за меѓународната и регионалната безбедност и стабилност.

Линк од целосниот текст на чист англиски јазик.