(Видео) Левица со 27 советнички прашања до градоначалникот на Општина Аеродром

  • Соопштение на Левица – ЛО Аеродром.

На последната седница на советот на Општина Аеродром на последната точка од дневниот ред, точката за советнички прашања, од членовите на советот од Левица поставија 27 прашања.

Голем дел од поставените прашања произлегоа од средбите со жителите на Аеродром, каде во директна комуникација беа забележани од советниците на Левица и јавно поставени на седницата.

Советникот Дарко Масларковски постави прашање за узурпацијата на јавниот простор од страна на локалните бисниси. За пример го зема Силбо во ТЦ Бисер, како пример за дрско узурпирање на јавниот простор со констатација дека во Аеродром ни се случува истото што се случуваше пред трговскиот Мавровка. Наместо поставување на урбана опрема како што се столици, маси, чадори или тенда, таму се изградила куќа кажа советникот Дарко Масларковски. Побара список од сите корисници најавен простор, како и инспекциски надзор за прекршување на дозволените узурпации.

Советникот Кирил Митановски постави прашање околу кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде што предложи до советот на општината, која е всушност и сопственик на МЗТ да се промени статутот на клубот и да се формира надзорен одбор. Причина за ова се слабите резултати на клубот кој има најголем буџет од сите клубови на територија на Република Македонија и наместо во АБА 1 лига, игра во АБА 2 лига. Не може МЗТ да го има најголемиот буџет и да губи од ТФТ, тим кој ако се соберам со друштво можеме да го победиме изјави советникот Кирил Митановски.

Советничката Благица Сековска постави прашање околу проблемот со уличните кучиња. Побара општина Аеродром да се ангажира за овој проблем бидејќи како што објасни Благица, уличните кучиња навечер во глутници се шетаат и ги напаѓаат граѓаните. Напомена дека Градоначалникот Муцунски најави систематско решавање на проблемот но сеуште нема никаква реализација на истото.

Советникот Горан Костовски постави прашање за тревникот во околината на АСНОМ 70, каде од многу одамна е продадено земјиштето, во моментов сопственост на бизнисменот Фатмир Етеми. Праша што планира општината за оваа површина, дали ќе дозволи изградба на зграда и напомена дека граѓаните се спремни да го бранат со жив штит.

Сите други прашања можете да ги погледнете на стримот на Општина Аеродром.

Нашата искрена заложба да бидеме гласот на обичниот човек и да се заложуваме во решавање на неговите проблеми не е само празно политичко и предизборно ветување, туку ја претставува нашата искрена мисија и цел за менување на политичкото дејствување во Македонија.

Левица мора да ја врати изгубената доверба на народот кон политиката и да докаже дека со поинаков пристап, чесно и во блиска соработка со народот низ бескомпромисна борба може да се сруши корумпираниот систем и начинот на досегашното владеење на елитите.