Му сметала сликата на Гоце Делчев и ја тргнал!

На поранешниот советник на Шилегов, Азис Максутовиќ му сметала сликата од Гоце Делчев и ја тргнал откако е назначен за нов директор на Институт за медицина на труд во Чаир.

Во продолжение го пренесуваме статусот на д-р Снежана Куч – пулмолог и алерголог

‚‚Денес бев сведок на првата реформа на г-дин Азис Максутовиќ – новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир. Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата прва реформа е да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија.

Неговата бурна и нестабилна реакција беше со образложение дека им сметала на пациентите во Чаир. Впрочем, таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев – еден од основоположниците на Институтот, на кој тој треба да му биде благодарен што е воопшто директор.

До кога ќе се фокусираме на националистички теми, наместо на теми за подобрување на здравството?”