Пописов беше наместена „утакмица“
- Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија.
Кога те местат, ако си во можност, ги стопираш. Најнормално.
Ако не можеш да ги спречиш, и ако е згодно, не им влегуваш во игра. Зошто да играш на наместен натпревар. Да легитимираш резултат во кој секако си наместен да изгубиш?
Пописов беше наместена утакмица. Ако сите глупости со попис на дијаспора, недефинирани поими за лични документи, дозволи за попишување врз основа на исказ на трето лице за националност, вероисповед и слични фарси не беа доволен доказ, ако одложувањето на пописот заради слични глупости во 2011 не беше доволен доказ, тогаш од сегашното преправање на веќе објавени резултати, што е казниво со закон, не може да биде појасно дека станува збор за местенка.
Арно ама некои големи патриоти, сакајќи да си ја скријат глупоста, неучеството во пописот го претставуваат ко предавство. Не гледаат дека така ќе го легитимираа пописот кој сега никој освен СДС и ДУИ отворено не го признаваат. А што е најјако таков легитимиран попис ќе беше легитимен основ за идни промени на Устав. Сега, после сите овие глупости, малку трудно обаче дека идна измена на Устав може да се оправда со ваков попис. А тоа ни се спрема цело време. А големиве патриоти тоа не го гледаат.
Кога патриотизмот се гледа од аспект на тоа дали носи гласови или не, дали може да се налути меџународната (Западот), дали може да се налути ДУИ кој утре треба да биде партнер за во влада, тогаш сликата се искривува. Па тоа што е добро за партијата а лошо за државата од предавство се претвара во патриотизам.
И таквите патриоти одат и „корак“ понатаму. Сега и бојкотот на референдумот го продаваат како предавство. Референдум во кој милион евра државни пари беа потрошени да се убедува народ да гласа за северна, а нула евра за бојкот или против, референдум кој беше спротивен на Устав, закон и практиките на Венецијанска комисија, референдум во кој се злоупотребуваа државни функции за промоција да се гласа „За” и во кој на крај имаше полнење кутии било грешка да се бојкотира. Така резонираат они. Ваквите патриоти после сето ова се убедени дека ако излезеа луѓето да гласат „Против” резултатот немаше да го наместат да биде со победа на опцијата „За”.
И што ќе постигневме? Ќе легитимиравме промена на име и Уставот и немаше во иднина да имаме никаков основ да ја поништиме неправдата. Ќе ни викаа па референдумот успеа. Они на неуспешен референдум возат филм дека бил успешен, не па да излезеа над 50%. Тоа ќе беше крај. Вака му се спаси душата на народот и се постави темел за идно исправање на неправдата.
Ама на овие патриоти подраги им се паричките, а мудата им се непостоечки и сеа тоа ќе го правдаат со приказни за мали деца.
Нема грешка роџаци.