Исламската Република Иран предупреди дека ќе го напушти Договорот за превенирање на ширење на нуклеарното оружје (NPT) доколку спорот биде предаден на ОН

Иранскиот министер за надворешни работи, Зариф, предупреди дека неговата земја би можела да го напушти NPT договорот од 1968 година, доколку државите на ЕУ поднесат жалба за нејзините нуклеарни обврски до Советот за безбедност на ООН.

Иран ќе има многу опции пред себе доколку европските потписнички на нуклеарниот договор продолжат со неоправдано однесување.“ изјави Зариф. 

Минатата недела, три европски потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година (Велика Британија, Геманија и Франција) го покренаа механизмот за решавање спорови во рамките на договорот, обвинувајќи го Техеран дека го крши истиот. Сега Иран ќе биде повикан да го реши т.н. спор со европската тројка и процесот на крајот би можел да доведе до повторно воведување санкции на ООН врз Техеран, кои претходно беа укинати.

Зариф додаде и дека изјавите на европските претставници немаат правна основа. Техеран, во неколку наврати ги ограничи своите обврски во врска со нуклеарниот договор како одговор на едностраното повлекување на САД во 2018 година и воведувањето строги санкции. Но, Техеран се определи на ваков чекор неколку месеци подоцна, токму кога европските потписнички одбија да ги гарантираат своите трговски врски со Иран и да ги исполнат своите обврски од договорот, поради стравот од американски санкции и заканите кои доаѓаа директно од Трамп.

Понатаму, Зариф исто така истакна дека мерките на Техеран ќе бидат откажани доколку Европа се врати на своите обврски со потпишување на нуклеарниот договор. 

Но, ако Европејците продолжат да преземаат чекори засновани врз политички игри, ние имаме различни опции затоа што нивните активности не се правно оправдани“, рече тој.