За општините како и за државните и јавни институции има издржано решение за снабдување на електрична енергија

  • Соопштение на Левица – Сектор енергетика

Левица, во реакцијата од 27 јануари 2022 година, објавена на истава ФБ страна, со наслов: “Загубите не смеат да се поопштесвуваат, а профитите да се приватизираат: енергетскиот сектор мора да е стабилен и државен!‘‘ и ги предочи на Валата проблемите кои ја очекуваат во однос на трошоците и снабдувањето со електрична енергија на јавните и државни институции меѓу кои се и општините и Град Скопје.

Во истата реакција и го предложи на Владата единственото издржано решение за надминување на овој проблем и решение со кое ќе се заштедат стотици илјади евра, пари на граѓаните.

Решението, објавено во реакцијата од 27 јануари гласи:

“Во делот со снабдувањето на електрична енергија, под итно е потребно активирање на државната „ЕЛЕМ Трејд“ во снабдување на сите државни, општински и јавни институции (болници, градинки, училишта, факултети) со енергија од ТЕЦ „Неготино“ – која, во моментов, а и во догледно време ќе биде дупло поевтина од онаа струја која сега, на наводниот „слободен пазар“, ја плаќаат овие институции.”

Апелираме до Владата на Република Македонија, под итно да го спроведе предлог решението на Левица со кое ќе го реши проблемот со снабдување со електрична енергија на државните и јавни институции, како и општините и Град Скопје.

Апелот за итност е и во правец да се спречи одливот на парите на граѓаните, од буџетите на општините и институциите, во приватните џебови на челниците на енергетската мафија во државата.

Воедно, ја охрабруваме Владата да ги објави компаниите кои во моментов продаваат електрична енергија на општините, јавните и државни институции со што на граѓаните ќе и биде појасно во кои/која компанија се прелеваат нивните пари, наместо тие пари да одат во државната ЕЛЕМ (ЕСМ), на која Владата и префрла десетици милиони евра за да ја покрие нерентабилноста на компанијата.