Крмов: Околу 80.000 лица кои го бојкотираа пописот криминално се внесуваат како попишани

Во вчерашното гостување на „Само вистина”, пратеникот Борислав Крмов говореше за ставот околу пописот, кој партијата Левица го смета за нелигитимен. Тој изнесе информации, според кои изминатиот период, лицата кои не се евидентирани со пописот, Државниот завод за статистика ги внесува како попишани. Крмов потенцира дека се работи за бројка од околу 80.000 лица, кои ги има во базата на МВР, но не се евидентирани на пописот. 

Тој повторно истакна дека само со бројка од 5.000 непопишани лица, пописот не може да се смета за успешен и затоа овој попис е нелегитимен. 

„И пописот, еве и ова со двојазичните униформи и претходно ги спомнавме, Бугарскиот договор и Преспанскиот договор, а и Охридскиот договор, сите тие се дел од постепеното губење на сувереноста и државноста на Република Македонија. Ние, малтене, седумдесет отсто од државноста имаме веќе изгубено.

И сега, на кратко за пописот, во ситуација кога имавме луѓе кои можеа да се попишуваат со матичен број или да се даваат лични информации за трето лице, што е спротивно на сите меѓународни конвенции – значи може татко да попишува син и да кажува негова националност и да дава лични информации – во таква ситуација, ние фактички немавме попис.

Сѐ што бараше ДУИ на претходниот попис, што беше нелегално по сите правила и прописи, сега беше дел од законот. Потоа, имавме на државна сметка – и Груби, Османи и Бектеши и странски државници, Курти и Рама лобираа за луѓе да се попишуваат. Ние имавме на државна сметка, лобирање за попишување само на една етничка заедница. Сето тоа го делегитимира процесот и еве ќе кажам една ексклузивна инфомација, која што не ја видов никаде.

Од Државниот завод за статистика имаа експерт од Словенија, според нашите информации, којшто во последните пет до шест месеци откога заврши пописот, внесуваше непопишани луѓе од базата од МВР, коишто имаа бојкотирано. Некаде околу 75 – 80 илјади лица! Само со 5 – 10 илјади имаме нелегитимен попис, така да овој попис е апсолутно нелегитимен.

И пак ќе кажам, затоа што, еве и Апостол излезе и тврди дека ќе бил непријател број еден со тој врзан потпис што го има со директорот на ДУИ, кој знае какви ќе бидат резултатите. Ние стравуваме дека ќе има вештачко поместување на етничките граници за поголема моќ на албанските партии, конкретно на ДУИ. И конкретно, Апостол Симовски како најодговорен, ние кажавме дека ќе дојдеме по тие луѓе коишто учествуваат во растурање на државноста на Република Македонија. Ние ова не го простуваме.“ – истакна Крмов во своето гостување.