(Видео) Закани и притисоци од кадри на власта кон студентите

  • Реакција на Црвена Младина

Почитувана јавност, до нас стигна видео на кое што се гледа како дел од вработените во студентскиот дом „Стив Наумов” вршат притисок и упатуваат закани кон студенти.

Имено, студентите сакајќи на креативен начин со пароли да го искажат своето незадоволство кон инститиуциите за условите во студентските домови се соочија со притисоци и закани од пајташките кадри на власта вработени во сите пори и државни институции.

Потоа беа приморани да го напуштат дворот доколку сакаат да го снимаат својот перформанс, и да го изразат своето незадоволство.

На вас оставаме да судите, затоа што очигледно институциите повторно ќе молчат.