Поранешен припадник на УЧК предложен од ДУИ за македонски амбасадор

Министерството за надворешни работи на Македонија, по предлог на ДУИ, за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, објави денес порталот МКД.мк.

Демири е поранешен борец на УЧК кој напредуваше во дипломатијата. Најпрвин беше назначен за конзул а според порталот кој се повикува на дипломатки извори тој денес е предложен за нов амбасадор.

Имено, во екот на ковид пандемијата македонските граѓани во Германија се жалеа дека никој не одговара на нивните повици од македонската амбасада, токму кога Реџеп Демирие е актуелен генерален конзул во Минхен.

Овој скандал ја достигна својата кулминација дури по првите одговори од конзуларното претставништво, тогаш од граѓаните беше соопштено дека кога ќе добијат одговор на повиците од другата страна им одговараат единствено на албански јазик.

Со овој дипломатски претставник ова не е единствениот скандал, тој е познат и по својата активност на социјалните мрежи каде ја промовира терористичката група од која некогаш бил дел и не пропушта честитки поврзани со УЧК, како таа за „ослободување“ на Слупчане и областа Карадак.

-Честит 2 мај 2001! Стотици борци на ОНА заземаа точки за да ја заштитат татковината, правата и албанскиот дух насекаде. Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата. Слава им”. – Пред две години напиша македонскиот конзул на својот фејсбук профил.