Захарова: Испраќањето платеници и борбени авиони во Украина ќе предизвика катастрофа

Според руското МНР, испраќањето платеници и воени авиони од страна на земјите од Западот во Украина ќе предизвика катастрофален развој на ситуацијата не само таму, туку и во земјите на НАТО, овој став за јавноста го пренесе портпаролката, Марија Захарова.

„Како платениците, бомбардерите и поддршката во испораката на оружје за Украина ќе ја подобрат хуманитарната ситуација во Украина? Никако! – и во никој случај. Тоа едноставно ќе предизвика катастрофален развој на ситуацијата не само во Украина, туку и директно во земјите на НАТО“, изјави Захарова.

Захарова додаде дека испораката на луѓе и оружје во Украина, милитанти кои се кријат зад цивилното население, само ќе ја влоши ситуацијата во самата Украина и ќе доведе до глобален колапс. Таа потенцираше дека Вашингтон отсекогаш ја сметале Украина за отскочна даска насочена против Русија, а жителите на Украина биле само заложници во играта за глобална дестабилизација.

„НАТО и Вашингтон отсекогаш ја сметале Украина за отскочна даска насочена против нашата земја, а во принцип самата земја (Украина), и нејзиното политичко раководство, и народот на Украина, се заложници на НАТО, пред се на Вашингтон, и на нивната намера глобално да ја дестабилизираат безбедносната состојба во светот“, објасни таа.