Мустафаоглу: Во Општина Ѓорче Петров иста песна пеат претходната и сегашната власт
- Фејсбук статус на Дарја Муставаоглу – Советник од Левица во Општина Ѓорче Петров.
1. „Финансиски уништена општина“– гласаат „ЗА“ четвртиот квартален извештај (во исчекување да гласаат и „ЗА“ завршната сметка за 2021 година)
2. „Со никаква организација во работата“– ги учиме да ги читаат и почитуваат одредбите во актите, ама за нив тоа е кочење во работата
3. „Пари кои се трошеле по кафеани и луксузирања“ – набавуваат пијалаци и чоколади во вредност од 354.000 денари; набавуваат дополнителни два апарати за топли напитоци во вредност од 118.000 денари; средства добиени од донации за конкретни проекти ги распределуваат за администрацијата за: патувања, канцелариски материјали и мебел, вработувања, прехранбени продукти (вкупно 2.012.730 денари и ПЛУС 9.531.000 предвидени во Буџетот за 2022 година за истиве работи).
4. „Општина во која криминалците и урбаната мафија го имале главниот збор“ – ГЛАСААТ ДУП ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ДЕКСИОН СО 50 НОВИ ЗГРАДИ, со скоро ич зеленило и паркинг места.
*И не дека не се согласувам со наведеното во однос на „работењето“ на претходниците, него истата песна ја пеат и сегашниве.