Фејсбук дозволи величење на неонацистички украински баталјон ако е за борби со руската војска

Оваа промена покренува прашања во врска со уредувањето на содржината според црната листа на Фејсбук, за која критичарите велат дека нема нијанси и контекст, вели Интерсепт.

Фејсбук ќе им дозволи на своите милијарди корисници да го величат Азовскиот баталјон, украинска неонацистичка воена единица за која претходно беше забрането слободно да се дискутира, според американскиот медиум.

Баталјонот Азов, познат по својот тврдокорен десничарски ултранационализам и неонацистичката идеологија распространета меѓу неговите членови кој функционира како оружено крило на поширокото украинско бело националистичко движење.
АЗОВ, почна како доброволна антируска милиција пред формално да ѝ се приклучи на Украинската национална гарда во 2014 година.

АЗОВ

Иако во последниве години ги минимизираше своите неонацистички симпатии, афинитетите на групата не се кријат: „Војниците на Азов маршираат и тренираат облечени во униформи со икони на Третиот Рајх
Неговото раководство наводно им се додворувало на американските алт-десничарски и неонацистички елементи; а во 2010 година, првиот командант на баталјонот и поранешен украински парламентарец, Андриј Билецки, изјави дека националната цел на Украина е „да ги поведе белите раси во светот во последната крстоносна војна… против Untermenschen (подлуѓето) предводени од семитите“.

Според материјалите за внатрешна политика што ги добил медиумот, Фејсбук ќе „дозволи пофалби за баталјонот Азов кога експлицитно и исклучиво ќе се фали нивната улога во одбраната на Украина ИЛИ нивната улога како дел од Националната гарда на Украина“. Внатрешно објавените примери на говор што Фејсбук сега го смета за прифатлив вклучуваат „Волонтерите на движењето Азов се вистински херои, тие се мошне потребната поддршка за нашата национална гарда“; „Нападнати сме. Азов храбро го брани нашиот град последните 6 часа и мислам дека Азов игра патриотска улога за време на оваа криза“.

Материјалите предвидуваат дека Азов сè уште не може да ги користи платформите на Фејсбук за регрутирање или за објавување свои изјави и дека униформите и транспарентите на полкот ќе останат како забранети слики со симболи на омраза.

Од друга страна, Фејсбук почна да ги идентификува сите медиумски профили на Фејсбук и Инстаграм што се контролирани од руската држава. Компанијата, исто така, им забрани на руските државни медиуми да купуваат реклами или да ја монетизираат својата содржина каде било во светот.