Споменикот „12 Младинци од Ваташа“ ограбуван со години, а надлежните не реагираат

Деновиве на социјалните мрежи, жители на Кавадарци се пожалија дека некој бесрамно со години го ограбува бакарниот релјеф на еден од највредните споменици во Тиквешијата, споменикот „12 младинци од Ваташа“, поставен во спомен на убиените млади од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор.

Некаде околу средината на јуни 2007 година е објавено дека е откорнат бакарниот релјеф на овој споменик, заедно со сите 160 букви. Кражбата траела подолг период, од 2007 до 2015 година. Осум години, во четири наврати,  дел по дел биле отстранувани, за на крајот од целиот метал (бакар/бронза) да не остане ниту трага. Поморбидно не може да биде.

Според напишаното, жителите на Кавадарци обвинуваат дека морбидноста не е само во кражбата, туку и во тоа што надлежната институција ЈП „Музеј Галерија-Кавадарци“, која во улога на зачуден „посматрач” тоа го воочила  и ја известила полицијата и надлежните државни институции, но споменикот бил ограбен уште три пати.

„За иронијата да биде поголема, денес после 14 години истиот тој Музеј Галерија – Кавадарци од зачуден „посматрач” се јавува во улога на „заштитник” на споменикот со „проект за заштита на споменикот”, на чело со директорката која во времето на „големата пљачка” беше вработена во музејот”, изјави гневен жител на Кавадарци.

Според изјавеното, во 2015 година,  во времето на „најпатриотската власт“ исчезнало и последното парче од бакарниот релјеф на споменикот, сосема оправдано, затоа што сите пари, поточно 700 милиони евра отишле за Скопје 2014, а за  партизански споменици не оставиле скршен денар!

„Конечно спасението доаѓа од истата таа тајфа која 8 години гледаше како се пљачка споменикот во времето на “големиот патриотизам”. Денес со одушевување се натпреваруват кој прв да ја соопшти сензацијата дека конечно, нивниот дежурен 24/7 градски художник (од Скопје 2014) го обновува споменикот”, се пожалија жителите.

На кого му смета споменикот во с. Ваташа и зошто институциите не реагирале не се знае, меѓутоа жителите на Кавадарци најавија уште една епизода со „мистерии и откритија” и апелираат што поскоро да среди случајот.

Ова е последната фотографија каде е целиот метален релјеф, а надолу се фотографиите како течеше отстранувањето на делови од релјефот.

Ова е споменикот денес, по „ревитализацијата“ од кога Митко Јанчев е градоначалник.