Уставен не го усвои прелогот на Левица, Пратениците незаконски ќе добиваат надоместоци за патарина

Пратениците веќе 15 години незаконски земаат пари за патарини, а Уставен суд одлучи да не го усвои предлогот на Левица. Пратениците ќе продолжат да примаат надоместоци за патарина и за сопствен автомобил, иако ова одлука не е ниту уставна ниту законска и истата е изгласана само со 13 пратенички гласови на комисија.

Уставниот суд на вчерашната Седница не донесе одлука по иницијативата на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои ги оспоруваат точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина.

Години наназад медиумите редовно ги пресметуваат надоместоците за патните трошоци на пратениците, кои, покрај платата, секој месец им легнуваат на сметка. Но, овие пресметки, од кои иако боли глава, бидејќи знаат да достигнат и до 1.000 евра од месец, не се исплаќаат незаконски.

Пратениците од Левица кои го поднесоа овој предлог и сметаат дека ваквата привилегија се коси со неколку одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.

Според подносителите на иницијативата, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегувало од рамките дадени во Уставот и наведените закони. Ваков надоместок на трошоците за патарина воопшто не е предвиден ниту со Устав ниту со закон, а одлука на собраниска комисија од 13 пратеници не може да има законска сила, со што години наназат крчмењето народни пари од страна на пратениците е целосно незаконско.

Оваа одлука, која нема законска сила за дополнителната привилегија за добивање и трошоци за патарините е донесена на 3 октомври 2006 година, од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со назив „Одлука за висината на надоместоците на пратениците за користење автомобили во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина“.

Одлуката е потпишана од тогашниот претседател на комисијата Трајко Вељаноски, а покрај него во комисијата членувале и пратениците: Благородна Дулиќ, Љубисав Иванов-Ѕинго, Ристанка Лалчевска, Илија Китаноски, Силвана Бонева, Ружди Матоши, Горан Мисовски, Никола Ќуркчиев, Оливер Спасовски, Рафиз Алити, Азиз Положани, Роза Каревска Топузова и Маријан Додовски. Според Левица, Собранието, односно комисијата, со носењето на ваквата одлука направила злоупотреба.