Владата ќе воведе санкции кон Русија кои ќе ја зголемат цената на гасот и нафтата за македонските граѓани

Во интервју за Алсат телевизија Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека и Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ и САД против Русија. Според Министерот, за овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО.

Шефот на дипломатијата нагласи и дека со водењето политика на санкции и евентуален конфликт во Европа, ќе имама сериозни импликации во однос на гасот и нафтата и поскапување на цените.

„Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија“. – Изјави Османи.

Претходно бевме сведоци дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ донесе одлука со која акцизата за дизелот стана повисока, а денес по најавата од Османи за воведување на санкции кон Русија дополнително се отвора можноста за енергенсите повторно да поскапат. Ова значи, дека за приклучувањето на санкциите од ЕУ и САД кон Русија, цената ќе ја плаќаат македонските граѓани.