Левица поднесе амандман со кој бара референдум во Свети Николе за изградба на регионална депонија

  • Соопштение на Левица – ЛО Свети Николе.

На Седницата на Советот закажана за утре се наоѓа една точка на дневен ред: „Предлог – Заклучок за преземање на мерки и активности за промена на локацијата на РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА“.

Во овој Предлог – Заклучок се предвидува дислокација на регионалната депонија, која може повторно да остане на територијата на Општина Свети Николе. За ситуацијата да биде полоша, во предлог-заклучокот не постои обврска за спроведување на референдум во случај реализацијата на овој проект повторно да остане на територијата на Општина Свети Николе.

Референдумот е алатка на непосредната демократија, единствен начин да се слушне гласот на народот и да му се овозможи тој директно да учествува во донесувањето на волку важна одлука.

Сметаме, дека ваква одлука НЕ МОЖЕ и НЕ СМЕЕ да биде донесена без да бидат прашани граѓаните!

Затоа, Советникот од Левица, Александар Симонов денес поднесе АМАНДМАН, преку кој, во овој предлог – заклучок се бара обврска за Општина Свети Николе, по сопствена иницијатива, итно да спроведе РЕФЕРЕНДУМ доколку продолжи на проектот за изградба на Регионална депонија.