(Видео) Апасиев од парламент со аргументи го поврза Димитров со ЦИА

По повод денешната интерпелација на вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, одржа говор во парламентот, како и секогаш – без влакна на јазикот, а со цврсти аргументи.

Апасиев во својот говор се осврна на два периоди од кариерата на Димитров, како што и самиот вели, првата целина кога Димитров бил „асли вмровско дете“, а втората, кога тој бил „рехабилитиран вмровец“ според зборовите на неговите сегашни сојузници и сопартијци.

Понатаму во своето обраќање тој со аргументи ја обелоденува кариерата на Димитров, од неговото поставување за амбасадор во САД, па преговарач за името во ОН со Метју Нимиц, за што смета дека уште од тогаш тој е поврзан со одредени ЦИА-шки структури, па под нивен притисок станува и амбасадор во Холандија, за да дојде до главната негова улога – преговарач во спорот со името и на крај да изврши и кривично дело со потпишување на капитулантскиот договор за промена на името.

Во продолжение целиот говор на Апасиев.