Димоски: Во Карпош презентирани 39 урбанистички планови за бетонизација на Општината

  • Фејсбук статус на Мартин Димоски – Советник од Левица во Општина Карпош.

„Од презентираните 39 детални урбанистички планови за Општина Карпош, она што може да се заклучи (меѓудругото) е следно:

1 .На местото на фабриката Алумина , Пуцко Петрол може да гради висококатница од 105 метри
2. Ќе се уништат фудбалските игралишта на Алумина и Локомотива, а на нивно место ќе никне станбен објект и улица со што Општина Карпош ќе има само еден терен за голем фудбал (во Бардовци)
3. Од Зоолошка па се до Карпош 4, покрај бул. Илинденска ќе има станбено-деловни објекти
4. На повеќе локации е планирано станбени згради со приземје и 12 спрата
5. Ќе имаме неколку нови станбени комплекси од типот на Настел
6. Нови згради се планирани и на Букурешка, Прашка и Варшавска
7. Нови станбени згради ќе има и во Влае, Козле, Карпош 4
8. Планирани се над 40-тина згради, а согласно предвидената изградена површина се очекува во нив да живеат над 15.000 жители што е четвртина од сегашната бројка на жители. Тука не се вклучени претходно планираните згради во ДУП-овите усвоени изминатите четири години. Со нив, бројката на нови жители ќе се зголеми за околу 30.000 жители
9. Се предвидуваат изградба на повеќе верски објекти од училишта, градинки и игралишта
10. Парковите спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ и Алумина ќе бидат претопени во сообраќајници
11. Единствените големи површини со зеленило ќе останат во дел од Градски Парк и над Горно Нерези

Речиси сите овие урбанистички планови се отпочнати во мандатот на Стефан Богоев, а најголем дел од истите се нарачани од градежни компании кои со години го силуваат Скопје.“