Левица беше дел од протестот на лицата со попреченост

  • Соопштение на Левица – Социјален сектор

Координаторката на Социјалниот сектор на Левица – Катерина Јовановска, раководителката на АФЖ – Весна Кираџиева и други членови на Левица, присуствуваа и дадоа подршка на денешниот протест на лицата со попреченост, кој се одржа пред Владата на Република Македонија.

Маргинализирани и отфрлени од општеството, лицата со попреченост повторно одлучија своето незадоволство од досегашната социјална политика на власта, да го искажат на протест, но, за жал и овој пат, како и досега, Владата остана слепа и глува на нивните барањата.

Очигледно е дека во Владата нема политичка волја, ниту да се слушнат барањата на лицата со попреченост, уште помалку да се решат нивните проблеми.

Левица како политичка партија секогаш давала подршка на борбата за поголеми права на лицата со попреченост и ќе превземе се што е во нејзина моќ да им излезе во пресрет на нивните барања!

Протестот беше организиран од здруженијата Менуваме и Хендикеп плус, Бранкица Димитровска, Суарет Алишан и Благојчо Ѓорѓиев.