Мицкоски пречекан со мал број на поддржувачи и купишта отпад по улиците

  • Реакција на Левица – ЛО Прилеп

Заврши вчерашната трибина на Мицкоски во Прилеп. На настанот видливо беше дека бројот на поддржувачи на политиките на оваа партија е релативно намален, иако било контактирано целото членство со типичниот груевистички пристап на водење на списоци со присутни и барање од секој од нив поединечно да информира директно во партијата дали ќе биде дојде на настанот.

Ние прашуваме:

1. Дали го однесовте Мицкоски покрај купот диви депонии што испливаа на површина после дождовите?

2. Дали му кажавте колку тони отпад се излеа од градов и неповратно замина по течението на Црна Река, со што створивте регионална еколошка катастрофа?

3. Дали пратеникот Петар Ристески-Пеката ве почести нешто со парите од патарините?

4. Дали ги видовте општинските дивоградби под трибината на стадионот, новата градинка, затворениот базен, кривичните за претхотдиот градоначалник, ископаните улици, фабриката за секундарна селекција на отпад, мини-пречистителните станици, водоводот во Канатларци, градинката во Тополчани…