(Видео) Реџеп Исмаил: ,,Булеварот Хасан Приштина да се преименува по членот на АСНОМ и првоборец во НОБ -Неџат Аголи!”

„Градоначалникот во заминување Петре Шилегов, очаен поради сопствената непопуларност, заедно со ДУИ – партија која владее повеќе од 20 години и која одамна го има изгубено образот кај Албанците во Македонија, кои патем секој ден сè потешко живеат како и секој обичен човек во Македонија, заедно со СДСМ, во обид да го спасат Шилегов, немајќи што друго да понудат, тие се поигруваат со етничките чувства на Албанците за свои политички цели и опстанок на власт, нудејќи им истрошени националистички и сепаратистички флоскули. На овој начин, тие се обидуваат да ги изманипулираат албанските гласачи, така што булеварот кој допрва треба да се гради на Јадранската магистрала, уште сега решиле да го именуваат – Хасан Приштина.

Игнорирајќи албански дејци како Неџат Аголи, кој бил првоборец во НОБ, член на АСНОМ, македонски делегат на Второто заседание на АВНОЈ и прв министер за социјална политика во поствоената македонска Влада, СДСМ и ДУИ се определуваат за личност која била во политички сојуз со фашистичките колаборатори како врховистот Ванчо Михајлов и усташот Анте Павелиќ.

По изборите, советниците на Левица во градското Собрание, ќе се залагаат за враќање на старите имиња на улиците и булеварите во Скопје.” – изјавува Реџеп Исмаил, носител на Советничка листа на Град Скопје од Политичката Партија Левица.