(Интервју) Крмов: Опасна е тенденцијата сите услови за добивање државјанство да се намалат

Законот е ефективно блокиран, Димитар Апасиев зеде збор и според деловникот тој може да зборува колку што сака. Неговиот говор може да трае до бескрај и со тоа законот е ефективно блокиран. Тоа е основата на филибастерот или оној т.н. традиционален филибастер кој што потекнува уште од римското право кога Като помладиот го блокирал Цезар со долги говори во Сенатот за да спречи донесување аграрна реформа.

„Морам да кажам дека кога и да продолжи седницата за овој закон мора да продолжи и говорот на Апасиев затоа што тој неговиот говор не го заврши само седницата е прекината. Ова е толку лошо законско решение за кое што и Владата и Министерството за внатрешни работи се изјаснија негативно, и самиот претседател на Комисијата за одбрана и безбедност кажа дека ова парче хартија не смее да се најде на дневен ред и сега во оваа нивна несмасна, нестручна и тенденциозна интервенција со десет нивни амандмани ова да се поправи, а тие 10 амандмани се договорени интерно позади затворени врати меѓу СДСМ, Алијанса И Алтернатива и фактички сите ние требаше сега да си легнеме на брашното.

Ние тие амандмани ги добивме во понеделникот, Комисијата беше во средата, јас имав 24 часа и помалку оваа какофонија од закон да ја склопам некако. Целата тенденција на Законот е јасна без разлика колку и да е законот хаотичен, а тоа е сите услови за добивање државјанство да се намалат”, изјави во УБ пратеникот од Левица, Борислав Крмов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Извор: slobodenpecat.mk