Апасиев го повика членството на ВМРО-ДПМНЕ да не се попишува

На неколку дена пред почетокот на политичката операција наречена „попис“, чија цел е демографски и етнички инженеринг во Република Македонија, претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, ги повика симпатизерите на опозиционата партија ВМРО, да не учествуваат во фингираниот попис и со тоа спречат нова неправда врз македонскиот народ.

Свесен дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не ги застапува интересите на нејзините симпатизери, членство како и на мнозинското македонско население, како контра кон Мицковски за неговата вчерашна објава, Апасиев на својот фејсбук профил напиша:

„Без разлика на одлуката и однесувањето на раководството на ДПМНЕ, ги повикувам симпатизерите на ВМРО да не учествуваат во фингираниот попис за отпис на Македонците.“



Во меѓувреме во јавноста се актуелизира граѓанската иницијатива Не Отворам Вратасо напади кон раководството на ДПМНЕ во врска за поддршката на фингираниот попис за отпис на Македонците, во коалиција со Алијанса и Алтернатива.
„Лажни патриоти се полоши од отворени предавници”, стои во една од нивните објави.



ДПМНЕ е колаборатор во пописот за отпис на Македонската нација!

Како и за сите процеси кои досега се спроведоа во негирањето на македонскиот идентитет, така и во шверцерскиот попис ДПМНЕ е директен учесник!
Учество на попис донесен со шверцерски закон во Собрание по директива на ДУИ е попис за отпис!
Учество на попис каде предводник е целата параструктура на ДУИ во дијаспора е попис за отпис!
Учество на попис каде главната кампања ја водат Груби-Курти-Рама е попис за отпис!
Учество на попис каде Методологијата се донесе зад затворени врати меѓу СДС и ДУИ, наместо во Собранието како највисок законодавен дом, е попис за отпис!
Ако ДПМНЕ нема капацитет и волја да го заштити македонскиот идентитет во услови кога е нападнат од внатрешни и надворешни непријатели, тогаш нека се самораспушти – а не да го забрзува процесот на федерализација на Македонија.

Лажни патриоти се полоши од отворени предавници!