Ванковска: Малку ни беше Рамковниот, па сега си умаме уште два големи воденички камења околу вратот

Статус на Проф. д–р Билјана Ванковска


„Во ФБ сеќавањата на овој ден ми се нижат (јалови) оценки за погубноста на Рамковниот договор (во уставна, политичка, социјална, економска и морална смисла), тажни сеќавања за заборавените жртви и „исчезнати“, за местата на страдање кои не смеат ни да се споменат зошто ќе ве обвинат за говор на омраза, за (само)цензурата и во јавниот дискурс и во уметничката сфера (се сеќавате на филмот на Јани Бојаџи, нели), за ерозијата на државата и на општественото ткиво, за глорификацијата на насилството (кое се исплатува), за заложничката криза и менгемето на договорите во кои сме ставени, итн.

И што од тоа? Ништо! Ама баш ништо! Насилниците си останаа насилници, но 20 години подоцна се во одела, збогатени, уште помоќни и се’ уште поддржани од странците, кои денес ќе се појават на местото на злосторството да наздрават со шампањско и кавијар. Тука ќе биде и авторот/пишувачот на ОРД, и бившиот Генерален секретар на НАТО кој овие од УЧК прво ги нарече бандити, а сега тие велат дека благодарение на ОРД сме влегле во НАТО и сме станале кандидат за членство во ЕУ. И да не редам… бидејќи безнадежно е…

За 20 години, ДУИ (о)стана кинг-мејкер во секоја политичка влада, услов без кој не се може, камен околу вратот на секоја амбициозна политичка партија која сака да формира влада. Албанското гласачко тело се’ уште е восхитено од воениот успех, заложник на клиентелизмот, исплашено од насилниците или иселено… Македонците не можат тоа да го сменат, ама пак и самите се заложници на „своите“ партии, кои ДУИ ги менува како чорапи.

И малку ни беше Рамковниот, па сега си умаме уште два големи воденички камења околу вратот – кои како сидро, нели, не’ влечат напред…

Тежок ден, мачен, понижувачки, траорен…”