(Видео) Власта гласаше против законот поднесен од Левица со кој се гарантира откуп на земјоделските производи

  • Соопштение на Политичката партија Левица.

На вчерашната пленарна седница во Собрание, обраќање имаше пратеникот Борислав Крмов во однос на предлог-законот за дополнување и изменување на Законот за земјоделие и рурален развој, поднесен од Левица.

Собраниското мнозинство гласаше ПРОТИВ овој закон да биде ставен во скратена постапка, со што земјоделците повторно се извисени од олигархијата на власт.

„Овој предлог-закон развој го предлагаме затоа што НЕГАРАНТИРАНИОТ ОТКУП и ненавременото плаќање е главен проблем на македонскиот земјоделец.

Со постоечкиот закон е дозволена преголема слобода за откупувачите и трговците. Ние се концентрираме на два моменти:

Откупувачите и трговците немаат законска обврска да имаат финансиска гаранција дека можат да го исплатат родот што го откупиле. Тоа со нашиот предлог-закон се корегира;

Со постоечкиот закон, на преработувачите и трговците им е дозволено три месеци да можат да ја одложуваат исплатата на родот. Нашиот предлог ја спушта оваа граница на 30 дена максимум.

Целта на овој закон е заштита на земјоделците кои се оставени на милост и немилост на трговците, преработувачите и откупувачите.”