Левица: Избрусени зборовите „бугарскиот фашистички окупатор“ од споменикот на богомилската епопеја

  • Реакција на Левица ЛО – Прилеп

Оштетен е споменикот на Февруарскиот Поход-Богомилската Епопеја, што претставува еден голем историски настан за македонскиот народ.

Споменикот гласи: “Вие, хероите од славната богомилска епопеја, во нерамната борба со БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР ги дадовте своите животи за среќната иднина на нашите млади поколенија”

Избрyсено е “БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ” дел, со што доаѓаме до заклучок дека власта со полна пареа е спремна да ја промени историјата на Македонија за наводна европеизација.

Левица Прилеп ова сквернавење строго го осудува и најавува дека ќе излезе со кривична пријава за истото.

Според Кривичниот законик на Република Македонија за оштетување на културно наследство е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Историјата на Македонија не е на распродажба за влез во ЕУ и Левица Прилеп ќе се залага локалните историски споменици да останат патоказ за храброста на македонските партизани за идните генерации.