АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев најави кривични пријави за Џафери и двајцата пратеници со корона – вирус

Вистински театар се случува денес во Собранието, каде двајца пратеници со скафандер беа донесени да гласаат за 32-та седница. Иако опозицијата обезбеди кворум за 36-тата седницата за пакетот економски мерки, власта со двајца заразени пратеници ја одржа и 32-та седница. Брза помош беше присутна и пред Собранието.

Додека траеше гласањето за 32-та седница, пратеникот Димитар Апасиев со деловникот на Собранието во рацете, се обидуваше да добие процедурален збор, стоејќи пред Џафери. Потоа, Апасиев ја отвори книгата на определена страница и така свртена кон него се обидуваше да му даде до знаење дека го крши деловникот.

Потоа, тој доби процедурален збор, каде порача дека Џафери дека прави кривично дело.

„Пратеник кој е спречен да присуствува на седница е должен тоа да го пријави претходно. Денеска направивте кривично дело, бидејќи во време на епидемија позитивни или болни лица и лица кои биле во контакт со позитивни на вирусот мораше да бидат во изолација, а не тука. Денес имаме двајца пратеници донесени спротивно на деловникот и законот и претставува кривично дело. Ако Заев ги тера да прават кривични дела јас ги советувам дека според кривичниот законик, тие ќе одговораат кривично, бидејќи согласно кривичниот законик не потстапуваат согласно мерки во услови на епидемија. Го доведовте во ситуација и Собранието да плати парична казна за ова прекршување на мерките. На тој начин, претседателе, вие и двајцата прагтеници го доведовте во сигтуација целото Собрание да оди во карантин“.

Според одлуката на Владата, во членот 11 се предвидува строга изолација карантин во домашни услови или во здравствена установа. Спротивно на членот 11 од оваа одлука, ова е кривично дело за кое не им важи нивниот имунитет. Први ќе одите во затвор кога ќе падне овој режим. Го доведовте и Собранието во ситуација да плати казна за тоа што го направивте“., рече Апасиев.

Потоа, преку фејсбук статус, Апасиев најави дека Левица ќе поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против спикерот на Собранието и против двајцата пратеници кои дојдоа во скафандери за сторен стек на кривични дела против здравјето на луѓето.

Левица ќе поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против спикерот на Собранието и против двајцата пратеници кои дојдоа во…

Posted by Димитар Апасиев on Sunday, 18 April 2021