Кратка хорор-ковид приказна

Да дознаеш дали си позитивен или не: во државна институција за 3-4 дена или приватна лабараторија 2.500 денари, резултати за 2 часа (дома 2 деца, бебе 2 месеца и 4 год.) !?

Витамини и терапии за деца, бебиња и возрасни 5.000 денари+ од пообичните, има и поскапи за побогати (така ти вика замисли аптекарот).

Ренген на гради во државна поликлиника прв термин за минимум 10+ дена, во приватна пракса 1.000 денари, веднаш, без закажување, резултатите за 10 минути. Ако имаш инфекција на бели дробови, ренген за 10 дена повторно, а гориш и кашлаш и мораш веднаш… плаќаш 1000-че.-

Крвна слика со чуени Д Димери: 4-5 дена за термин во државна здравствена институција со одење да закажеш и после неколку дена за боцкање.. а резултатите за 2 дена и мораш сам да одиш на лице место да ги земеш (а болен си од ковид со бронхопнеумонија, температура…) Iли приватна лабораторија 800-1000 денари, резултатите за 2 часа на е-маил. Д-димери и крвна слика мора да се испитаат уште 2-3 пати пост-Ковид, комплет е 1500 денари во приватна лабараторија!

Терапија за покачени Д димери НЕМА во 15 аптеки во Скопје, онаа која се рефундира од Фонд за здравство, онаа која се купува без рефундација е 3.000 денари за 2-3 недели терапија, зависи од нивото на Д димери, ја има во изобилие! Купуваш нормално тоа што има од скапото!

Исхрана, терапии и додатоци за имунитет и другите пропратни лекови кои чинат многу, многу…

Зборот ми е дека просечен македонски граѓанин мора да потроши повеќе од просечната плата за да се обиде да се избори со ковид, обичен и без сериозни компликации, полесна слика.. Го фатил нормално зашто негде се зезнал у маркет, а и зашто немаше мерки навремени, никакви. Не сакам да замислам како им е на оние кои бараат места по приватни и државни клиники, оние со тешки слики и компликации.. Сето ова, овие лавиринти, колони од луѓе пред тебе, дури и во приватните лабараории и пракси треба да ги поминете со температури, болки, со лоши мисли, мислејки на најблиските дома и пошироко околу тебе!

Системот е така мафијашки профитерски поставен да мора да ги дадеш парите, и на крај пак да викаш фала му на Бог. Повик до сите позиционери и опозиционери, направете нешто за овој народ, не знам нека ви текне: засилени мерки, баталете политика, пописи, критики, профити, провизии.. направете ковид пакети во аптеки кој ке ги добива секој заболен што е осигуреник во фонд (немаат луѓето да купат тоа што ке каже матичен, немаат матичен.. немаат), ковид пакети бесплатни во сите лабаратории приватни, растеретете ги државните ренгени и ред други пропратни трошоци подмирете ги вие од Фонд. Да не мислиме дека мафијашки (сакам да верувам дека не е вака, еве наивно) го терате народот последните пари од џеб да ги дава за да си го спаси животот и здравјето по приватни услуги, а за кои е должна државата да им ги обезбеди на сите кои се осигурани и за тоа плаќаат или плаќале цел живот тие и нивните дедовци и татковци.

После касно стигнале пациентите со влошени слики… немаат луѓето ќе повторам, немаат за 1кг лимон и портокали да купат, а не 300-400 еур за терапии и анализи. Ако сакате Вие министри, пратеници, претседатели на “нашава земја” На политички партии, можете веднаш да му помогнете на народов!


Текстот е фејсбук-коментар.