Министерот за земјоделство Хоџа, за шест месеци потрошил повеќе од 22.000 евра на кафе и ручеци

Аријанит Хоџа, министер за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.

„Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби. Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден“, објави порталот Шќип медиа.

Податоците се јавни за 6 месеци, од септември до крајот на февруари, не сметајќи ги март и почетокот на април. Од 6 месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, без викенди и празници од септември до февруари, министерот за земјоделие Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно приближно 210 евра на ден.
Овие податоци се добиени од буџетската транспарентност при Министерството за финансии, проект финансиран од УСАИД и ИРИ.

За шведска маса во министерството се потрошени 1.211.666 денари, додека во ресторанот Калабрија се потрошени 201.820 денари, според ПорталиАрена