Зошто не отвoрам врата и одбивам да бидам попишана!
„Кога државата ќе дојде до работ на својата пропаст и постои само во привиден и ништожен облик,
кога општествената врска ќе се скине во сите срца,
кога најгнасниот интерес бесрамно ќе се прикажува под светото име на јавното добро
тогаш, општата волја занемува, а сите граѓани, раководени од потајни мотиви,
не мислат повеќе како граѓани, како државата никогаш и да не постоела,
а под името на законите лажно се изнесуваат неправични наредби
чија цел е само интересот на поедниците“.
Пишува: Ивана Стоименовска – член на Централен Комитет на Левица.
Ова резиме го направил Жан Жак Русо и во оваа форма совршено се вклопува нашата пародија од држава, во која губи смисла секој превземен чекор на Владата, за на некој начин да им прикаже на граѓаните дека се’ што прави, се прави за општото или јавното добро.
Втора година по ред во исто време, со точно истите дати, почнуваат да воведуваат строги мерки пропратени со карантини и полициски часови, и повторно со флоскулата за ‘‘јавно, односно општото добро‘‘, а додека за целата таа година, мафијашите не успеаја ни малку да покажат способност за справување со кризата. Напротив, покажуваат тотална непочит кон обичниот граѓанин со тоа што и за неколкуте вакцини, кои што требаа да се обезбедат, си играле игрички на монопол за свои лични интереси со државни средства.
Втора година по ред, народот треба да наоѓа сили пак да ја поминува пролетта во затвор, само затоа што бандитите решиле да препишуваат од другите држави, а паралелно не гледаат дека нашата економија нема никаква врска со другите држави. Не можеме да се споредуваме со ниту една друга држава, зошто ние не сме ни на дното ни во бездната – „ние сме во провалија”, ќе рече професорот Љубомир Цуцуловски, се давиме. И така tie ќе си тераат карантини во нивните вили со огромни површини, додека сиромавиот ќе добива клаустрофобии во неколку квадрати место за живеење. Ама тоа е за негово добро, нели? Не’ изморивте, ама вие тоа не го гледате, и нема да можете да го видите зошто вие си ги гледате само сопствените интереси, маскирани зад светото име на јавното добро.
Се прашувам, зошто тогаш не препишаа за да го одложат пописот, кога сите држави од регионот и цела Европа го одложија за време на панедмија? Ама не, нас и ќе не’ заклучат и ќе не’ попишаат затоа што треба да си ја туркаат нивната политика за целосно бришење на овој напатен народ. И на народот пак му се сервира дека треба да се попишеме и да се преброиме, и оти попис немало со години, да сме се преброеле, за општото добро. Засрамете се!
И на крај, зошто знаат дека работата од далеку им смрди и можно е да не им помине, употребуваат манипулативна техника со сеење страв низ народот. Овој сиромашен народ едиствено се плаши од ‘’удирање по џебот’,’ затоа што едвај врзува крај со крај, или не го ни врзува, и тоа е најмоќното оружје што го имаат во моментот, зошто друго немаат. Тоа е манипулативна техника за управување со народот, внеси страв и владеј. Да му се прети на народот со одземање на лебот само заради исполнување на свои политички агенди е најгнасното нешто по што може да посегне една власт – го допревте дното.
Сепак едно заборавате, народ дава, но и казнува. Народ се плаши, но кога ќе биде изморен и да се плаши, тогаш од него извира таква сила што таа за вас ќе биде погубна. Кога еден човек покажува непослушност, може да го казните за да демонстрирате сила. Но кога народ ќе се обедини, тогаш силата преминува од другата страна, кај народот. А народот е толку исцрпен од сиромаштија, од болести, од загуби на луѓе, губење на работни места, од казни, од мерки, од празни градови, од вашето лично богатење за сметка на страдањето на народот, што не верувам дека после овие пародични мерки ќе ви дозволи да си играте со него, вклучувајќи го и пописот.
Да се вклучиме и да се обединиме против злото!
Никогаш да не се повторите!
Не отворам врата!