(Фото) Секој нареден ден има се повеќе народ на протестите

Вечерва повторно маса на македонски граѓани излегоа на протестите против бугаризација на Македонија и кажаа ,,НЕ” за францускиот предлог.

Протестирачите тргнаа од Владата на Македонија и веќе пристигнаа пред Собранието, каде штотуку заврши и интонирањето на Химната на Македонија.

Власта, очигледно се обидува да го амортизира гневот, бидејќи прекрои веќе неколку планови за одложување на процедурата, со надеж дека протестите ќе престанат, а масата од народ кој протестира секој ден ќе се намалува.

Но, наместо тоа, им се случува спротивното. Секој нареден ден бројот на протестирачи, како и противници на „францускиот предлог“ се повеќе расте.

Во продолжение погледнете колку народ има пред Собрание. Ова се првични, фотографии од протестот.