Пендаровски призна дека промената на уставот нема да биде последно бугарско барање

Претседателот кој ја потпиша незаконската промена на уставното име на државата, насилно направено по неуспешниот референдум со притисок од американскиот амбасадор за кој самиот зборуваше, вчера имаше традиционално годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Пендаровски од говорницата кажа дека никој не може да им влијае на пратениците како ќе гласаат за уставните измени и потоа продолжи да ги убедува дека е потребна нова промена на уставот, констатирајќи дека тоа нема да биде последното бугарско барање.

„Ако две членки на Унијата беа блокирани за влез во еден од најважните проекти на единствениот европски простор, се разбира дека никој не може да ѝ даде гаранции на земја-кандидат која тукушто ги почна преговорите кои не се праволиниски, рече Пендаровски.“