Лавров: Македонија е инструмент на анти-руската игра на Западот

Шефот на руското Министерство за надворешни Работи смета дека Западот веќе подолго време ги „подгрева“ русофобските чувства на Балканот, пред се во Македонија и Цена Гора, која пред зачленувањето во НАТО, беше земја со исклучително блиски релации со Русија.

„Западот се обидува Македонија и Црна Гора да ги претвори во алатки во анти-руската игра.“ – Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за здружението „Наше Кино“ кое во петокот беше објавено на веб-страницата на руското МНР, пренесува Тасс.

Во својата изјава министерот констатираше дека постои огромна разлика помеѓу односот кој граѓаните го негуваат кон Руската Федерација и односот кој Владите (политичарите) го претставуваат.

„Евидентна е разликата помеѓу тоа што Црногорците и Македонците чувствуваат за Русија и што тоа нивните политичари прават од Брисел, ЕУ и НАТО. Ова е обид од нив да се направи „алатка“ во анти-руската игра на Западот“ – изјави Лавров.

Според Лавров, ова е „идентичен пристап на Западот како она што се обидоа да го направат од Украина и во голем број други источноевропски земји“. Тој исто така изјави дека Западот претходно ги подгреал русофобичните чувства во овие две земји.

Интересно е да се спомене дека за разлика од францускиот претседател и многуте европски лидери кои не нарекоа „Северномакедонци“, руските дипломатски претставници немаат никаков проблем да не наречат Македонци.