СДС и ДПНЕ, освен партиски пазарлаци, ништо не направија за Делчево
Во последните неколку недели сме сведоци на таканаречено препукување меѓу општинските штабови на СДС и ДПНЕ од Делчево. Сведоци сме на прес конференции од двата штаба, кои наликуваат на пародии од типот на детската игра НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ, прес конференции, кои со ништо не го тагираат обичниот работник во нашиот град.
СДС и ДПНЕ сите досегашни избори во Делчево ги добиваат со една и иста шема, а тоа е бескрупулозно користење на сите ресурси на централната власт, носење тонови брашно и шеќер кај сиромашното население во градот, кое е во огромен број и вработување на луѓе во и така пренатрупаната администрација.
Двете партии во Делчево се синоним за непотизам, корупција и судир на интереси во сите локални институции. Имено, овие две партии, кои подеднакво се на власт во овие 30 години на локално ниво, не направија ништо суштински, што ќе даде надеж дека Делчево е град во кој може да се гледа перспектива.
Делчево е во топ 5 најзадолжени општини, и е град број еден по иселуваање во Македонија. За тоа дека СДС и ДПНЕ од секогаш глумат власт и опозиција, стои фактот дека после секои локални избори и формирање на општинскиот Совет, наместо да се зафатат со решавање на купиштата проблеми на делчевчани, овие две партии прават буклвално пазар меѓу членовите на Советот, кој на чија страна да биде, со нудење на по некое работно место и делење на тендерчиња.
Со еден збор, гласањето за советник на СДС и ДПНЕ во Делчево, е едно те исто, тие заедно и сложно ја деградираат и злоупотребуваат волјата на Делчевчани.
На претходните локални избори односот на силите во советот меѓу СДС и ДПНЕ, беше 8:7, за сега после направениот пазар да изнесува 10:5.
Накратко, СДС и ДПНЕ, освен тесно партиски пазарлаци ништо добро не се способни и нема да направат за Делчево.
Доста беше господа штабовисти!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
18/02/2021
СДС И ДПНЕ, ОСВЕН ПАРТИСКИ ПАЗАРЛАЦИ, НИШТО НЕ НАПРАВИЈА ЗА ДЕЛЧЕВО Во последните неколку недели сме сведоци на…
Posted by Левица – Делчево on Thursday, February 18, 2021