Боливија откажа и во целост врати заем земен од ММФ

Централната банка на Боливија откажа и врати заем од ММФ кој бил земен за време на нелегалната администрација на Жанин Ањез после државниот удар во Боливија во 2019. Според Банката, заемот од 356,7 милиони долари го загрозил „суверенитетот на земјата и нејзините економски интереси“.

Централната банка на Боливија ја информира јавноста дека во одбрана на економскиот суверенитет на државата и во согласност со политичкиот Устав, вративме 346.7 милиони долари до ММФ, заем кој беше земен од страна на де-факто Владата во април 2020, се вели во официјалното соопштение

Заемот беше одобрен во април 2020 година под изговор дека парите се потребни за „итни медицински потреби“. Но според Народната банка, заемот ја прекршил законската рамка на Боливија и додал дополнителни трошоци врз економијата во вредност од 24.3 милиони долари. Владата најави и истраги кои можат да доведат и до гонење на сите службеници кои биле вклучени во „нелегалната зделка“ со ММФ.

Пред нелегалниот пуч во 2019 година, кој беше поддржан од страна на Вашингтон, Боливија немаше потпишано никаков договор со ММФ од 2005. Нивната финансиска независност им овозможи да постигнат економско унапредување, национализации и инвестиции во јавни услуги и социјални програми. Движењето кон Социјализам (МАС) на Ево Моралес извојува огромни победи на претседателските и на парламентарните избори во октомври минатата година.

За споредба, Владата на Заем во 2020 година зеде повеќе заеми во вредност од над 1 милијарда евра, што е неколку пати повеќе од заемот кој што Боливија го врати на ММФ. Со тоа, Владата го загрози економскиот суверенитет на државата, а воедно и го искористи јавниот долг како уште еден канал преку кој јавната сопственост (во случајот јавните финансии) се префрла на олигарси блиски до власта.