Левица: Со тендер од 66.000 евра, патот Делчево – Кочани е небезбеден за граѓаните

Од локалниот огранок на политичката партија Левица од Делчево реагираа за состојбата во која се наоѓа патниот правец Делчево – Кочани.


„Патниот правец Делчево – Кочани после секои врнежи од дожд се претвора во пат од висок ризик, пат кој може да биде со фатални последици за патниците кои го користат затоа што немаат избор. Одроните од пред некој ден завршија директно во автомобил (!) но, за среќа, беше направена само материјална штета на возилото.

Прашањето е: Уште што ќе чекаме да се случи за надлежните институции да преземат соодветно решение за овој регионален и меѓународен пат?Или можеби министерот Благоја Бочварски ќе не’ насочи нас, жителите на овој дел од истокот, до Скопје да патувме преку Бугарија или Грција, за да ги избегнеме огромните одрони. Денес, во 21 век, за се’ има реално решение, но на власта ѝ одговара да склучува секоја година сомнителни тендери за одржување на овој патен правец – наместо трајно решение за истиот.

Властите се глуви, додека градоначалниците на Кочани, Делчево и Македонска Каменица се’ уште не сфатиле дека не треба да бидат само декоратори на улици и паркови, туку со сета сила треба да лобираат овие локални проблеми (кои директно влијаат по стандардот и квалитетот на живот на жителите на истокот)да бидат решавани итно и неодложно, а не да се чека со децении. Во овие 30 години немавме градоначалник кој јавно ќе излезе и ќе ја искритикува власта дека овој дел од Македонија го смета за важен само за време на избори. Секојдневно по овој опасен пат се движат возилата на Брзата Помош од Делчево. Исто така, Делчево е град без функционално породилно одделение, па така овој пат го користат нашите сограѓани за итно патување до Штип и Скопје.

За одржување на овој патен правец во 2019 година е доделен тендер вреден над 66.000 евра! Тоа се народни пари кои власта едноставно кажано ги користи за метење на одроните. На власта предводена од СДСМ очигледно ѝ е поважно да дели постојано скандалозни тендери, отколку да се најде трајно решение со кое ќе се спасат човечки животи.”


Патниот правец Делчево – Кочани после секои врнежи од дожд се претвора во пат од висок ризик, пат кој може да биде со…

Posted by Левица – Делчево on Friday, 29 January 2021