За геополитиката на вакцините

Статус на проф. Билјана Ванковска.


Геополитиката на вакцините е само еден аспект на геополитиката на пандемијата. Затоа, корените на сегашната ситуација на неправична распределба на вакцините на глобален план треба да ги бараме во основите на неолибералниот социо-економски поредок, а тој почива на нееднаквост, профит и непринципиелни коалиции.

Се сеќаваме како на почетокот предмет на побарувачка беше основната медицинска опрема, а речиси година дена подоцна битката е за вакцините. Тие се користат и како средства за казнување и дискриминација (на пример, кога во Израел не се планира вакцинирање на Палестинците или кога Иран е под санкции од Западот за увоз на медицинска опрема) или како парички за поткусурување. Пандемијата ја покажа важноста на државите, државниот апарат и неговата способност да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Некои дури и зборуваат за класична биополитика, политика која се однесува на животот како таков (и смртта, се разбрира).

Во таквиот свет, кој ниту е нов ниту почна со пандемијата, Македонија била и останува вејка на ветерот. Како и на секој друг план, таа не покажува одлики на држава (без оглед што е мала), туку чека милостина и елитите уште и се фалат со тоа. Лојалноста кон НАТО (и Западот) е тоа што ја определува нивната политика, на буквално секој план: економија, инвестиции, инфраструктура, па сега и вакцини. Но, Западот си има свои приоритети, и ние остануваме на „опашката“. Ако од оваа лекција не научиме нешто како држава, наскоро нема ни да постоиме повеќе од нешто како управувана територија.


ЗА ГЕОПОЛИТИКАТА НА ВАКЦИНИТЕ (изјава) Геополитиката на вакцините е само еден аспект на геополитиката на пандемијата….

Posted by Biljana Vankovska on Thursday, 28 January 2021