Израел официјално во војна – исламскиот свет е ставен на тест

Безбедносниот кабинет на Израел во саботата вечерта гласаше за официјално започнување војна по големиот напад врз земјата од страна на палестинската вооружена група Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Повикувањето на членот 40 од израелскиот Основен закон и дозволува на владата да преземе „значајна воена акција што може да доведе, со ниво на веројатност, блиску до сигурно, до војна“, соопштија од канцеларијата на Нетанјаху во неделата.

Нетанјаху изјави дека Израел е во војна во својата прва порака неколку часа откако Хамас истрела илјадници ракети врз Израел и испрати свои борци во еврејските населби во близина на границата со Газа во саботата наутро.

„Граѓани на Израел, ние сме во војна. И ние ќе победиме“, рече премиерот во своето обраќање. „Непријателот ќе плати цена каква што досега не знаеле“, вети тој, мислејќи на Хамас.

Израел, соопшти дека повеќе од 600 Израелци се убиени од почетокот на ненадејниот напад на Хамас. Бројката вклучува 44 војници, чија смрт претходно беше потврдена од израелските одбранбени сили (ИДФ).

Според ИД, повеќе од 400 борци на Хамас се убиени од израелските безбедносни сили во изминатите 30 часа.

Бројот на загинати во одмаздничките напади на Израел врз Газа достигна 313 лица, а речиси 2.000 други се ранети, соопшти локалното Министерство за здравство.

Сана Камал, жителка на Газа, која работи како локален известувач, видела и покривала бројни конфронтации меѓу Израел и палестинските воени фракции. Таа тврди дека никогаш не видела поголемо уништување од она што го нанесе Израел во неделата, по инфилтрацијата на десетици милитанти на Хамас во јужните заедници на Израел.

Оваа тешка ситуација за Палестинците трае со децении, имено и Специјалниот известувач на ООН за човекови права Франческа Албанезе годинава изјави: „Нема друг начин да се дефинира режимот што апархејдот Израел им го наметна на Палестинците– освен како затвор на отворено“, рече Албанес на брифингот за новинарите.

Според Рускиот филозоф и аналитичар Александар Дугин,  исламскиот свет ќе бидат ставен на тест, и верижната реакција е многу веројатна.

„Мултиполарноста се зајакнува, стисокот на западната хегемонија врз колективниот незапад слабее. Сојузниците на Западот во исламскиот свет – особено Турците и Саудијците – не ја следат автоматски секоја наредба од Вашингтон. Ова е ситуацијата во која исламскиот светот, кој неодамна провокативно се приклучи на БРИКС, да биде ставен на тест“, вели Дугин.

Верижна реакција – а особено однесувањето на исламските земји (првенствено Иран, Турција, Саудиска Арабија, другите земји од Персискиот залив и Египет) – може да биде логично продолжение на конфликтот. Ова можеби го имаа на ум стратезите на Хамас кога решија да го започнат конфликтот.

Тој предупредува дека конфликтот може да се прелее и на други територии.

„Не може да се исклучи вмешаноста на Иран и Хезболах, што значи потенцијално ширење на конфликтот на териториите на Либан и Сирија. Во самиот Израел има доволно Палестинци кои жестоко ги мразат Евреите. Сето ова може да има непредвидливи последици“, вели Дугин.