Извештај на ООН: Палестинските територии се како „затвор на отворено“

Специјалниот известувач на ООН за човекови права Франческа Албанезе поднесе извештај до Советот за човекови права на ООН во кој се утврди дека од 1967 година, повеќе од 800.000 Палестинци, вклучително и деца на возраст од 12 години, биле уапсени и приведени од страна на израелските власти.

„Нема друг начин да се дефинира режимот што апархејдот Израел им го наметна на Палестинците– освен како затвор на отворено“, рече Албанес на брифингот за новинарите.

„Сметајќи ги сите Палестинци како потенцијална безбедносна закана, тие се сметаат за виновни без докази, апсени без налози, притворени и судени без обвинение “.

Во извештајот се вели дека е заснован на шестмесечна истрага и „консултации, сведоштва, придонеси на засегнатите страни и сеопфатен преглед на примарните и јавните извори“.

Албанезе, рече дека не ги посетила палестинските територии пред да го поднесе извештајот поради „континуираното одбивање на Израел да и го олесни влезот“, исто така ги потенцираше и  незаконските практики на притвор, велејќи дека тие можат да претставуваат меѓународно злосторство.

Постојаната мисија на Израел во ООН во Женева ги отфрли наодите на Албанезе. „Израел не очекува фер, објективен или професионален третман од оваа специјална известувачка која беше избрана поради нејзините парцијални ставови против Израел“, се вели во соопштението на мисијата за Ројтерс. „Нејзиниот мандат е создаден со единствена цел да ги дискриминира Израел и Израелците.

Основањето на Израел во 1948 година, поразувајќи ги арапските војски од целиот Блиски исток, придонесоа да има стотици илјади палестински бегалци низ поширокиот регион.

Во војната на Блискиот Исток во 1967 година, Израел ги зазеде Западниот Брег и Источен Ерусалим од Јордан и Газа од Египет. Израел го анектира Источен Ерусалим во потег што не е меѓународно признат и започна изградба на населби на Западниот Брег и Газа.