Црвена Младина: Заканите на ДУИ нема да не заплашат, за Македонија сме спремни и да умреме

  • Соопштение на Црвена Младина

Почитувана јавност,

Откако наши активисти пред неколку дена го преименуваа паркот „Украина” во парк „АСНОМ” во Чаир, баш во истиот парк каде што имаше бисти на партизани а денес ги нема, наидовме на голема поддршка од широката јавност, не само од Македонците, туку и голем број на Албанци не поддржаа во ваквиот гест.

За жал, етно-трибалистичката ДУИ, како и по обичај, не пропушти можност да си го покаже своето лице, токму како што им доликува на партија која проникна од поранешни членови на УЧК.

Имено, претседателот на Совет на Општина Чаир, Јетмир Асани, во своето обраќање на фејсбук упати суптилна закана кон претседателот на Црвена Младина, Марио Јанески.

„Но исто така сакам да ти кажам дека друг пат кога ке доагаш во Општина Чаир, јави ми се да те чекам како што треба да се почека еден гостин од друг град, пошто не сакам да ти се случи нешто, пошто знаеш: Чаир.” – напиша во својот фејсбук статус, Јетмир Асани.

Најпрво ќе ги повикаме надлежните институции да обрнат внимание и конечно да почнат да ги санкционираат вечнo невините активисти на ДУИ, а потоа сакаме да им порачаме и на ДУИ и на цела јавност дека ние ниту им се плашиме нив, ни на некој друг. Македонија е широка работа, а за неа сме спремни и да умреме.

Еднаш победивме фашисти, ќе победиме и пак! Смрт на фашизмот, слобода на народот!